
ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата
Тошиба, една од најголемите и најстарите јапонски фирми,
треба да стави крај на својата 74-годишна историја на берзата, откако група
инвеститори купија мнозински удел.
Компанијата соопшти дека конзорциумот предводен од фирмата
за приватен капитал Japan Industrial Partners купила 78,65 отсто од нејзините
акции.
Поседувањето на повеќе од две третини од фирмата и
овозможува на групата да го заврши
договор за преземање во вредност од
14 милијарди долари (11,4 милијарди фунти), наведува BBC.
Kорените на компанијата датираат од 1875 година, како
производител на телеграфска опрема. Според договорот, нејзините акции би можеле
да бидат отстранети од берзата веќе на крајот на оваа година.
Компанијата сега ќе направи „голем чекор кон иднината со нов
акционер“, рече претседателот и извршен директор на компанијата Таро Шимада, пренесува
Би-би-си.
Акциите на Тошиба почнаа да се тргуваат во мај 1949 година
кога повторно беше отворена Токиската берза, откако Јапонија излезе од
уништувањето на Втората светска војна.
Нејзините оддели се движат од домашна електроника до
нуклеарни централи, а со децении по Втората светска војна беше симбол на
економското закрепнување на земјата и нејзината технолошка индустрија.
Во 1985 година, Toshiba го лансираше она што го опиша како
„првиот лаптоп на масовниот пазар“.
ФОТО: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA