Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Аплацискиот суд во Штип ги отфрли како недозволени жалбите на поранешните градоначалници на Кочани за куќен притвор
Македонија

Аплацискиот суд во Штип ги отфрли како недозволени жалбите на поранешните градоначалници на Кочани за куќен притвор

28/03/2025

AA

Денеска од кривичниот совет на Апелацискиот суд во Штип се отфрлија како недозволени жалбите по однос мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев, кои се дел од осомничените во истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени.

Останува решението за определување куќен притвор на Димитровски и Илиев, а Основниот суд Кочани ќе треба да одлучува повторно само за изречената мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на Димитровски. 

Од Апелациониот суд во Штип, информираат дека денеска на нејавна седница, постапувјаќи по повод изјавените жалби од осомничениот Ратко Димитровски и од ОЈО Кочани против решението на  Основен суд Кочани со кое мерката притвор на осомничениот Димитровски е заменета со куќен притвор  и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, донел одлука со која жалбите се отфрлаат како недозволени, а уважена е само жалбата на Димиторвски на определената мерка на претпазливост.  

– Решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.2 од истото СЕ УКИНУВА и предметот само во тој дел се враќа на повторно одлучување, се вели во решението од Апелација Штип.

Во однос на изјавената жалба против  решението на Основен суд Кочани со кое  на осомничениот Николчо Илиев мерката притвор е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, Апелација Штип информира дека денеска на нејавна седница е донесено решение со кое се отфрла како недозволена. 

-Жалбата изјавена од Основниот јавен обвинител од Кочани, против решението на Основниот суд во Кочани Кс-34/25 од 24.03.2025 година,- СЕ ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНА, стои во соопштението од Апелација Штип.

Донесените одлуки, информираат од Апелација Штип, со образложени причини за истите ќе бидат достапни за прелистување и на веб страната на судот во текот на наредниот ден.

Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 26 март годинава донесе одлука со која мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат.

Во традгичниот пожар што е случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 59 лица, а околу се 200 повредени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy