Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АПИС: Реалистите учат од туѓите грешки, а популистите од своите!
Македонија

АПИС: Реалистите учат од туѓите грешки, а популистите од своите!

19/02/2024

AA

Одлуката на Албанскиот парламент да ја укине забраната за приредување игри на среќа, што беше воведена во 2019, треба да биде патоказ за Македонското собрание, но и за Техничката Влада. Уште повеќе затоа што ваквата одлука во Албанија е донесена на предлог на Европската комисија, со цел справување со дивите играчници, враќање на буџетски приходи и обезбедување на транспарентност во секторот игри на среќа. Премиерот на Албанија, Еди Рама, ја најави ваквата одлука уште во октомври 2022.

Албанија не е единствената земја која треба компаративно да се анализира по прашањето на односот на државни институции кон секторот игри на среќа. Имено, на 29 јануари 2023, на референдум организиран од Кнежевството Лихтенштајн, 72% од нивните жители со одлучно гласање против ја отфрлија иницијативата за затворање на тамошните казина. И во Грција беа забранети игрите на среќа. Кога Грчките власти увидоа дека меѓу 3 до 5 илјади Грци само во еден ден играат во Гевгелија, во 2018 поставија 36 илјади апарати за игри на среќа за да спречат одлив на финансиски средства надвор од државата.

Реалистите учат од туѓите грешки, а популистите од своите!

Актуелната регулатива во Северна Македонија е најстрога на Балканот, бидејќи актуелниот Закон ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции. Како Асоцијација на приредувачи на игри на среќа со години укажуваме на надлежните државни институции дека дистанцата на 500 метри од образовните институции е одредба за затворање на легалните објекти за игри на среќа. Теренската анализа упатува дека дислоцирање на еден објект на 500 метри од една образовна институција, заради урбанистичкото планирање го поставува истиот објект на дистанца помала од 500 метри од друга образовна институција. Затворањето на легалните објекти автоматски ќе предизвика игри на среќа да се играат на црно, во подруми, како децении наназад. Државата ќе нема ниту контрола, ниту ќе остварува буџетски приливи. Приходите од играње во диви играчници ќе завршуваат во приватни џебови, без да се плаќаат лиценци и даноци. Апсурдно е да се тврди дека воведувањето дистанца е да се заштити младината а во исто време државата основа платформи и компании за онлајн игри на среќа кои преку интернетот се достапни секаде и на секој уред.

Процесите во Албанија, Лихтенштајн и Грција ги рушат тезите на домашните критичари на игрите на среќа. Европјаните не прифаќаат дека потенцијалната зависност од игрите на среќа се решава со нивно затворање, како што ни потенцијалната зависност од алкохол и никотин никаде не се решава со затворање на кафулињата, тобаката и продавниците за алкохолни пијалаци.

Погрешен е впечатокот дека ние однапред сме против законски измени, туку сме против популистички, политички и бизнис мотивирани одлуки кои практично се косат со Уставниот поредок. Ние сме претставници на реномирани странски компании од ЕУ и сметаме дека со нашето практично искуство можеме да дадеме свој придонес во еден широк консултативен процес во кој ќе учествуваат сите засегнати страни и конечно ќе се дојде до законски решенија кои ќе дадат одговори за грижите на граѓаните, наместо да создадат хаос и безредие со крајно штетни последици, кои многу тешко ќе се санираат.

 

Сите околности одат во насока на потребата Техничката Влада да ги повлече противуставните и скандалозни уставни измени со ЕУ знаме. Секој евентуален обид со мнозинство од 61 пратеник повторно да се изгласаат овие измени ќе значи дека законодавниот дом нема слух за оправданите забелешки на ЕУ и работи против Европските перспективи на земјата.

 

 

АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА – АПИС

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy