Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АПИС: Антиевропско и антидемократско сценарио во Комисијата за европски прашања
Македонија

АПИС: Антиевропско и антидемократско сценарио во Комисијата за европски прашања

13/01/2024

AA

Вчера истече последниот рок за разгледување на амандмани на Комисијата за европски прашања во Собранието за предложените измени на Законот за игри на среќа. За да се спречи изјаснување на пратениците за последниот амандман за намалување на дистанцата од 500 на 200 метри од образовни институции и да се спасат 10 илјади работни места, претседателот на Комисијата прво ја прекина седницата во 13 и 55 минути, па ја продолжи дури во 17 и 20 минути, за да во 18 часот ја заклучи сесијата без воопшто да спроведе гласање.

Со ова сценарио се изврши брутална злоупотреба на ЕУ знамето за да се затворат легалните објекти за игри на среќа. Ако предложените измени на Законот за игри на среќа се скандалозни и противуставни сега и процедурата за нивно донесување станува АНТИДЕМОКРАТСКА и АНТИЕВРОПСКА! Не постои друг пример во законодавен дом на земја членка на НАТО, која сака да стане полноправен член на Европската Унија, да се спречува гласање на народни избраници со деловнички акробации.

Го повикуваме Претседателот на Републиката, Стево Пендаровски да си го одржи зборот и да ја преиспита целата хронологија на злоупотреба на ЕУ знамето за овие измени. Да не дозволи заради предизборни калкулации и тој да стане соучесник во ова погубно сценарио.

Го повикуваме Евроамбасадорот Дејвид Гир и сите амбасади на земји членки на ЕУ да реагираат и да не дозволат да се злоупотребуваат европските процедури и принципи за спроведување антиевропски и антидемократски сценарија.

Евентуалното усвојување на измените во ваква верзија и на пленарна седница, ќе ја врати Македонија во 1990 кога имаше покер апарати зад завеси во кафулиња, диви играчници по подруми во секое маало, државата ќе нема никаква контрола, тогаш младината навистина ќе биде загрозена.

Уште еднаш апелираме до пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, пред овие противуставни и скандалозни законски измени да преминат на пленарна седница, многу добро да размислат што евентуално ќе дозволат да се случи. Илјадници Македонци од економски маки ги напуштаат своите родни огништа и си ја бараат среќата во туѓина. Ако измените се усвојат најмалку 35 илјади луѓе ќе станат нови кандидати за иселеници во западните земји.

Нашата институционална и демократска борба ќе продолжи. Ќе водиме правни битки, ќе следи иницијатива пред Уставен суд, ќе следат тужби за астрономски отштети кои ќе се прекршат преку грбот на народот. Без егзистенција ќе останат 10 илјади вработени, 54 до 100 илјади други работни места кои се поддржуваат преку легалните игри на среќа ќе доживеат сериозен економски удар, сопствениците на објектите ќе останат без закупнина, банките ќе активираат хипотеки и други гаранции. Државниот Буџет ќе изгуби 280 милиони евра годишен приход што е најмалку пет проценти од планираните државни приходи за 2024.

Како најголем приватен работодавач, претставници на инвестиции од земји членки на ЕУ, општествено одговорни компании кои во континуитет градат партнерски однос со заедницата, имаме основано право да очекуваме нашиот глас да биде слушнат!

 

АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА – АПИС

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy