Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Апелацискиот суд ја преполовил казната на Ангелче Николов бидејќи била превисока
Магазин

Апелацискиот суд ја преполовил казната на Ангелче Николов бидејќи била превисока

07/08/2023

AA

Апелациониот су по бурните реакции во јавноста ги објави причините за одлуката да ја намали затворската казна од 18 на 8 години на Ангелче Николов кој во декември минатата година, под дејство на алкохол и возејќи побрзо од дозволеното, на пешачки премин ја усмрти 11-годишната Магдалена и ја повреди нејзината мајка, по што побегна од местото на настанот.

Според објаснувањето на Апелацискиот суд,  Првостепениот суд при определувањето на видот на кривичната санкција и одмерувањето на нејзината висина, во недоволна мера ги ценел олеснувачките околности кои постојат на страна на обвинетиот Ангелче Николов и му одредил – превисока казна.

Апелацискиот суд објави пресудата којашто ја донел на 12 јули и ја образолжува на повеќе од 10 страници. Притоа, образложува дека ја прифатил жалбата на обвинетиот во делот дека казната е превисока, а даденото признание на вина не било земено во предвид, поради што Кривичниот суд сторил суштествена повреда бидејќи признанието било дадено доброволно и свесно и обвинетиот се извинил пред присутните во судницата, а со тоа придонел за побрзо и поефикасно завршување на постапката.

-Судот не ги земал во предвид ниту семејните прилики на истиот дека истиот нема оформено семејство, не е женет и дека има …….. години со што казната ќе му влијае на иднината, а првостепениот суд поголемо значење дал на отежнителните околности, а со оглед дека има загинат брат во сообраќајна незгода истиот е свесен за последиците кои се предизвикани на оштетените како и за психичката и физичката болка кои ја трпат за загубата на нивното дете, и истиот смета дека со изречена поблага казна ќе се постигне целта на казнувањето во иднина да не врши вакви или слични кривични дела, како и по однос на забраната за управување со моторно возило смета дека казната е превисоко определена, па истите ги прифати за основани, се вели во дел од образложението на пресудата.

Одбраната на обвинетиот, кој официјално е безимотен, невработен и повремено работел како надничар, во дел од жалбата наведува дека обвинетиот многу се кае за стореното, дека пред две години во сообраќајка загинал неговиот брат, а пред кратко време ја изгубил неговата мајка.

Според нивните тврдења, обвинетиот избегал од местото на несреќата и се криел повеќе од 30 часа, бидејќи од една страна не можел да и помогне на жртвата, а од друга страна се плашел од реакцијата на мајката на починатото дете, која исто така беше повредена во сообраќајката.

Апелациониот суд, сепак одлучил Николов да биде казнет со казна затвор во траење од осум години, како и казна-забрана на управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од 5-пет години, сметано од денот на правосилноста на пресудата, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во нејзиното траење.

Според нив, оваа пресуда воспитно ќе влијае врз обинетиот во иднина да не врши ваков и сличен вид на кривични дела, како и позитивно да се влијае на планот на генералната превенција, со што ќе се остварат целите на казнувањето.

Кога во март ја доби затворската казна во висина од 18 години за две кривични дела, „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, од велешкиот Судски совет образложија дека судот не стекнал впечаток дека кај обвинетиот има искрено каење и жалење.

Олеснителни околности биле дека тој не бил кривично осудуван и бил безимотен. Претходните двапати, кога бил осуден за сообраќаен прекршок и му било забрането да управува со возило, укажувале дека изречените казни не влијаеле на него.

Инаку пресудата е донесена донесена од страна на апелацискиот Совет во состав – м-р Ѓоко Ристов, претседател на советот, м-р Лирие Елези Ајрулау, Лидија Зимбовска, Енвер Беџети и Енвер Амзаи, членови на советот, со записничар Емилија Петрушевска, судски советник.

За судиите Лирие Елези и Енвер Беџети, Судскиот совет пред извесно време констатираше дека неоправдано долго држеле клучни предмети во фиока, со што ги доведоа на чекор до застарување.

Драстичното намалување на казната на возачот предизвила гнев и бурни реакции во јавноста и негодување, а адвокатот, Јанаки Митровски кој го застапуваше семејството на девојчето коментира дека оваа одлука на Апелација шок за семејството и сол на рана.

-Судот е должен да цени признание на вина, но каење е предмет на проценка. На очиглед на сите, иако вербално искажано, кај обвинетиот немаше никакво каење, никаква емоција. Неговото ветување дека нема да го повтори делото, пак, малку што му значи на семејството. Лесна и земја на Магдалена. Пред некој ден загина млад човек чекајќи на пешачки и остави бебе сирак зад него. Сообраќајната култура во Македонија е на нула, возачки се земаат на жими мајка а државата игра улога исклучиво на пенализатор никако на едукатор и затоа сме каде сме. Господ нека ни е на помош!,напиша адвокатот.

Неверување и гнев искажуваат голем број на велешани денес, откако се објави веста дека затворската казна на Ангелче Николов (31) од 18 години е намалена на осум години затвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy