Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Апелациониот суд ја објави пресудата за Боки 13: Осуден на пет години затвор
Македонија

Апелациониот суд ја објави пресудата за Боки 13: Осуден на пет години затвор

04/03/2025

AA

Скопскиот апелационен суд ја објави пресудата со која ја уважува жалбата на осудениот Бојан Јовановски – Боки 13 во случајот „Рекет“. Со пресудата, Боки 13 се осудува на единствена казна затвор од пет години, во која казна му се засметува и времето поминато во притвор сметано од 15.07.2019 година до започнување со издржување на казната затвор, како и досега издржаниот дел од казната затвор.

Боки 13 во 2020 година беше прогласен за виновен и доби казна затвор од девет години за кривични дела „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари и други приноси“. Во моментов, тој е на отпуст за лекување.

Во поднесеното барање за преиначување на правосилна пресуда без повторување на постапката, осудениот Јовановски доставил повеќе медицински докази за сериозно нарушена здравствена состојба. Меѓу нив се одговор на барање од 08.08.2022 година од ЈЗУ УК по хируршки болести Св. Наум Охридски-С., горнодигестивна ендоскопија од 31.10.2022 година, медицинско-конзилијарно стручно мислење од 23.11.2022 година, извештај од ЈЗУ УК за Гастроентерохепатологија од 05.12.2022 година и хистопатолошки наод од Медицински факултет-институт за патологија од 14.12.2022 година.

Во пресудата на Апелационен суд Скопје стои дека наведените околности со извршен детален опис на целокупната дијагноза на осудениот, доведени во корелација со фактот дека осудениот сѐ уште е на домашно лекување и третман и е под лекарски надзор претставуваат околности што ги немало кога се изрекувала пресудата и тие може да се категоризираат во групата околности кои би можеле да имаат влијание во однос на примената на институтот преиначување на правосилна пресуда без повторување.

– Во контекст на сите овие околности, доведени во корелација и со околностите кои ги ценел судот при одмерувањето на видот и висината на казната, Кривичниот совет на овој суд утврди дека со изречената единствена казна затвор во траење од 5 – пет години, а по претходно утврдување на поединечните казни, доволно воспитно ќе се влијае врз осудениот, во иднина да не се јавува како сторител на вакви и слични кривични дела, а позитивно ќе се влијае и на планот на генералната превенција, со што ќе остварат целите на казнувањето, во смисла на член 32 од Кривичниот законик, стои во пресудата. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy