
Апелација утре ќе одлучува за жалбите на ОЈО за куќниот притвор на двајцата екс градоначалници!
Апелациониот суд Штип утре ќе одлучува по жалбите на Основното јавно обвинителство во врска со куќниот притвор на поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев.
Според информациите, предметот пристигнал денеска, по што се очекува Кривичниот судски совет да го разгледа и да ја соопшти својата одлука.
Димитровски и Илиев претходно беа во ефективен притвор поради случајот поврзан со трагедијата во дискотекаta во Кочани. Судот ќе ја објави својата одлука на официјалната веб-страница.

