Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Апелација го укина решението на Кривичниот суд дека амнестијата не важи за организаторите на 27 април
Македонија

Апелација го укина решението на Кривичниот суд дека амнестијата не важи за организаторите на 27 април

21/10/2023

AA

Скопска апелација го укина решението на Кривичен, кој одлучи дека амнестијата не важи за обвинетите организатори на настаните од 27-ми април, дознава Телма. Ова значи дека судијата кој го води овој судски процес, сега треба повторно да одлучува и да се произнесе. Ова за Телама го потврдија од Кривичниот суд, а од Апелација со одговор:

„Апелациониот суд донесе процесно решение, откако процени дека првостепениот суд не посветил доволно внимание, односно не водел постапка за кривично-правен акт на која ќе ги изведе доказите против обвинетите, туку ценел дали тие подлежат на Законот за амнестија или не. Во прилог на ставот на Алелациониот суд Скопје е и фактот дека вишиот јавен обвинител, бара преиначување на нивните жалби, а во насока на прифаќање на жалбите на четворицата обвинети“, потенцираа од Апелација од каде најавија дека одлуката ќе биде во целост достапна за јавноста.

Од Вишото обвинителство за Телма образложуваат дека надлежниот јавен обвинител на одржаната јавна седница на Апелација дал предлог да се укинат решенијата на првостепениот суд поради суштествена повреда – недоволно образложени причини во првостепените одлуки. Ваквиот став, велат, не се однесува на фактичката примена на амнестијата и тоа било детално образложено на седницата.

Апелација во април годинава ја укина пресудата за организаторите и случајот го врати на почеток во кривичниот суд. Една од главните забелешки и тогаш беше дека Кривичен недоволно образложил зошто ги одбил обвинетите Трајко Вељановски, Миле Јанкиески, Спиро Ристоски и Владимир Атанасовски за амнестија. Констатираше дека се занемарени нивните приговори.

На повтореното судење, одбраната реагираше на селективна примена на Законот за амнестија, бидејќи со истиот закон се аменестирани пет пратеници, но не и Вељановски. Додека пак Јанакиевски и Ристовски тогаш немале никакви овластувања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy