Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Апелација го одби барањето за таткото на Вања да биде ослободен од притовор
Магазин

Апелација го одби барањето за таткото на Вања да биде ослободен од притовор

23/02/2024

AA

Апелациониот суд Скопје го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор.

Според Судот, жалбата е неоснована.

– Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот КСЖ-170/24, по одржана Јавна седница, на ден 22.2.2024 година, донесе Решение со кое жалбата на осомничениот А.Ѓ., од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, ја одби како неоснована и го потврди Решението на Основниот кривичен суд со кое мерката притвор се продолжува за уште 30 дена, соопшти денеска Апелационен суд Скопје.

На јавната седница во врска со ова жалба, што се одржа вчера во Апелационен суд Скопје, обраната на Ѓорчевски, преку адвокатот Владимир Туфегџиќ, побара укинување на притворот, бидејќи, според нив, не е предочен ниту еден доказ од кој произлегува основаното сомневање за сторено кривично дело, ниту им е овозможен увид во предметот.

Обвинителството во оваа фаза го застапува вишата обвинителка Фатиме Фетаи и таа вчера побара Ѓорчески да остане во притвор, поради опасност од бегство, по сторување на кривичното дело помагање во киднапирање и поради влијание врз сведоците.

За киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во притвор се уште четворица осомничени, а првоосомничениот Љупчо Палевски се наоѓа во екстрадиционен притвор во Турција, откако беше уапсен по потерница во Беликесир на 5 декември.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември минатата година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Смртноста од рак во Македонија достигна рекордно ниво за последните

06/02/2026
Македонија

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ БАРА ЗАБРАНА НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА КАНАБИС Првобитната хумана

06/02/2026
Македонија

Демократскиот сојуз бара забрана за производство на канабис за медицински

06/02/2026
Македонија

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, измерени минус два

06/02/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони

06/02/2026
Македонија

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на

06/02/2026
Македонија

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од

05/02/2026
Македонија

Димитриевски: Задоволен сум од платата, ама јас од плата не

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41104
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Смртноста од рак во Македонија достигна рекордно ниво за последните 15 години

06/02/2026

Малигните заболувања продолжуваат да претставуваат сериозна јавноздравствена загриженост во Македонија, останувајќи втора најчеста причина за смрт, веднаш по болестите на

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ БАРА ЗАБРАНА НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА КАНАБИС Првобитната хумана цел е злоупотребена

06/02/2026

Демократскиот сојуз бара Собранието по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на канабис

Демократскиот сојуз бара забрана за производство на канабис за медицински цели

06/02/2026

Демократскиот сојуз повикува на итна интервенција од законодавниот дом за да се забрани производство на канабис за медицински цели. Партијата

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy