Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АПАСИЕВ ОЧЕКУВА КОНСТРУКТИВНА ЛИДЕРСКА СРЕДБА Прифаќа да се укине Пржинската влада, има барања за Изборниот законик и за една изборна единица
Македонија

АПАСИЕВ ОЧЕКУВА КОНСТРУКТИВНА ЛИДЕРСКА СРЕДБА Прифаќа да се укине Пржинската влада, има барања за Изборниот законик и за една изборна единица

14/01/2026

AA

Лидерот на Левица Димитар Апасиев очекува конструктивен дијалог на денешната лидерска средба што се одржува во Клубот на пратениците.

Како што изјави пред средбата, ќе ги изнесе веќе искажаните барања на Левица – измени на Изборниот законик, една изборна единица и укинување на Пржинската влада.

Левица, додаде Апасиев, има и други, економски барања, поврзани со барањата на синдикатите кои, исто така ќе бидат изнесени.

– Левица е прв пат поканета да учествува на лидерска средба. Ова ги задоволува нашите претходни барања – дека ние ќе учествуваме на лидерска средба само ако е во рамки на институциите, а не во хотели во Маврово, во европски или американски амбасади. Нашите барања веќе ги кажавме – промена на Изборниот законик неминовно за следните избори зашто Левица е единствената досега цензурирана партија во овие 35 години плурализам. Бидејќи првпат доаѓаме, не очекуваме ништо, знаејќи го досегашниот лицемерен однос на властодршците од ДПМНЕ, но секогаш има прва шанса, па така ние како веќе опозициска профилирана партија која единствена е во раст во минатите локални избори, очекуваме дека ќе има конструктивен дијалог и дека во наредните месеци ќе се променат законите што ние ги бараме – нагласи Апасиев.

За Левица, дополни, нема никакви дилеми кога станува збор за укинување на Пржинската влада.

– Што се однесува до Пржинската влада, кажавме дека немаме никаков проблем да ја укинеме зашто сметаме дека е бирократски остаток од едно време кога Македонија беше третирана како протекторат и оттука ни е сеедно дали се ДПМНЕ или СДСМ на власт. Ние секако „го јадеме стапот“ па не ни е неприфатливо да ја укинеме Пржинската влада и по тоа прашање немаме никакви дилеми, но за другите прашања ќе инсистираме комплетно да се прифатат нашите барања особено при шпекулациите дека ќе се распишуваат предвремени избори. Доколку се распишат со овој Изборен законик ние повторно ќе бидеме цензурирани и оттука е нашиот интерес да присуствуваме на оваа средба – истакна Апасиев.

На лидерската средба во Клубот на пратениците, што ја иницира премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, покрај Апасиев, учествуваат и лидерот на ДУИ Али Ахмети, генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој го одби повикот на Мицкоски, не дојде на средбата.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy