
Апасиев на воената парада во Москва со Путин: „Некој од задњи ред кај Трамп, некој со официјална покана“
Димитар Апасиев, лидерот на партијата Левица преку социјалните мрежи информираше дека е во Москва, каде што ќе присуствува на свечената прослава по повод Денот на победата што се одржува на 9 мај.
Тој постираше и фотографија од официјална покана за воената парада на Црвениот Плоштад.
„Некој од задњи ред кај Трамп, некој со официјална покана за воената парада на Црвениот Плоштад“, порача тој, алудирајќи на неодамнешната посета на премиерот Христијан Мицкоски на САД.