Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Апасиев: Газа не е гробница само на илјадници дечиња – Газа е гробница и на човечноста
Македонија

Апасиев: Газа не е гробница само на илјадници дечиња – Газа е гробница и на човечноста

02/11/2023

AA

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, по однос на Предлог-декларацијата за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелската окупација:

„Пратениците на Левица во текот на вчерашниот ден до вас како пратеници доставија „Декларација за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелската окупација“.

Сметаме дека ние не треба да бидеме ноеви, да си ја пикаме главата во песок и да не проговориме во ова собрание за најжешката точка на планетата во овој момент, која што има потенцијал да разгори и Трета светска војна и каде што пред наши очи ни се случува геноцид на Палестниците во Газа!

Декларацијата содржи девет точки, со коишто се предлага солидарност со палестинскиот народ и осуда за израелската окупација.

Имено, како што кажува Портпаролот на УНИЦЕФ „Газа изминатите денови стана гробница на илјадници дечиња и таа е жив пекол на земјата“. Потенцијалот, односно бомбите кои се фрлени во Газа за само две недели, за еден и пол пат ја надмина ударната моќ на нуклеарната бомба фрлена врз Хирошима.

Во овој парламент леевме крокодилски солзи за Украина. Чисто за споредба, во Украина загинаа не повеќе од 200 деца за две години, во Газа загинаа 5000 дечиња за две недели! Оттука, да го дополнам портпаролот на Уницеф – Газа не е гробница само на илјадници дечиња, Газа е гробница и на човечноста. Го гледаме европското и американско лицемерие, кога едните животи се повредни од другите.

Во оваа декларација предвидуваме и обврска за Владата да започне процес на меѓународно признавање и воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади со независната држава Палестина, во духот на Југословенската традиција која што ја имаме. А бараме од претседателот на Републиката итно да го отповика амбасадорот на Македонија во Обединети нации, затоа што гласаше воздржано за „Резолуцијата за заштита на цивилите и почитување на правните и хуманитарните обврски”.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy