Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Антониа Гиговска со моќна порака во новата песна: Право машко знае како треба да се сака една жена
Магазин

Антониа Гиговска со моќна порака во новата песна: Право машко знае како треба да се сака една жена

28/10/2024

AA

Бура од позитивни коментари после одличното претставување на младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска на овогодинешното 39. издание на фестивалот “Макфест”, кој се одржа изминатиот викенд во Штип.

Антониа се претстави со песна на тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, кои уште еднаш направија совршено музичко ремек-дело.

Песната носи моќен и едноставен наслов – “Жена”, а Антониа блесна со нејзината интерпретација и ја воодушеви публиката во културниот дом “Ацо Шопов”, како и тие пред малите екрани.

“Многу сум среќна што “ЖЕНА” успеа да допре до многу луѓе. Среќна сум што добив комплименти од многу жени и искрено ме радува тоа. Ова е многу посебна песна за мене, таква и ќе остане. Секоја ЖЕНА треба да биде сакана, почитувана, заштитена, а тоа го може само вистински маж, затоа што право машко знае како треба да се сака една ЖЕНА. Тоа и беше пораката што сакав да ја испратам. Пораката е дека ако еден маж не знае да сака и почитува, жената со тек на време ќе се претвори во кукла без емоции. Жена што е само присутна. Ова не е само моја приказна, ова е приказна на секоја жена, ова се приказни на жени што во изминативе неколку месеци успеав да ги слушнам и да бидам сведок на истите, со што некои мои пријателки се соочувале. Не ја сакаш само ако и кажеш “Те сакам”, ја сакаш ако ја почитуваш, заштитиш. Жената не мора да биде јака иако секогаш сме многу појаки од мажите, но онаа силна страна, силна половина треба да биде мажот, да ја прегрне и да и каже “Се ќе биде добро” – вели Антониа, а посебно ја радува што песната е веќе втор ден во TRENDING #11.

Инаку за “Жена”, Антониа со својот тим од соработници сними и одличен видеоспот под режисерската палка на Даниел Јовески.

Во него покрај Антониа се појавуваат уште неколку моќни “Жени”…

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ

07/12/2025
Македонија

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025
Македонија

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи

07/12/2025
Македонија

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна

07/12/2025
Македонија

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ

07/12/2025
Македонија

Возило со американски ознаки излета од патот кај Кичево, едно

07/12/2025
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
Македонија

Малолетник од Скопје заврши на дежурен откако испил голема количина

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38616
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ Сиљановска-Давкова повика да се потсетиме

07/12/2025

Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025

На 07.12.2025 на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ ги лишија од слобода Л.А.(32)

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи до 17 степени

07/12/2025

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy