Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Антони Пешев; Турција прави силен притисок на економијата и пазарот во државата
Економија

Антони Пешев; Турција прави силен притисок на економијата и пазарот во државата

08/03/2025

AA

Бизнисменот Антони Пешев во емисијата „Стадион“ на Канал 77 денеска рече дека државата дозволува увоз на „се и сешто“ и тоа е една од причините на кои треба да се работи за да се подобри економската ситуација во земјата. На тој начин се губат и големи девизни средства и се поттикнува инфлацијата.

Според извршниот директор на Стопанска комора на Северна Македонија, Македонија во моментов стагнира дури и во однос на соседите од регионот, а посебно прашање што треба да се стави на маса е зошто се дозволува огромно турско учество во последно време во македонската економија.

– Околу нас се многу агресивни држави кои подеднакво како нас се борат за своето место во просторот. Говориме за една Бугарија, за една „агресивна“ Србија, говориме за една Албанија, која е исклучително „агресивна“ особено во делот на земјоделието и говориме за држави со исклучително деловни капацитети во трговијата како што е Грција, а и во производството ако сакате. Да не заборавиме – Турција е исклучително активна изминатите години и Турција прави силен притисок на економијата и пазарот во државата. Тоа е нешто што можеби треба да посветиме внимание во некоја друга прилика повеќе време и да поразговараме што Турција работи во овој момент на Балканот, вели Пешев.

Во последно време има значително интензивирање на деловната и образовната соработка меѓу овие две земји. Вкупните директни инвестиции на правни и физички лица од Турција во Македонија изминатиот период  изнесуваат две милијарди евра.

Според податоците, пак, од Централниот регистар, вкупниот број на правни субјекти регистрирани во Македонија во март 2024 година во кои како основачи се јавуваат правни и физички лица од Турција изнесува 1.932. Податоците покажуваат дека меѓу странските работници, тие од Турција се најмногубројни во земјава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy