
Антикорупциска ќе отвори предмет по допрен глас за МКЦ
Прво избори, па после работа. 30 хонорарци од МКЦ се само дел од оние кои ќе чекаат да се избере претседател и пратеници во Собранието за да продолжат со работа. Кафулето не е единственото што нема да работи. Без предавачи останува и Планетариумот како и продавницата „Апотека“.
Камерата на МТВ се соочи со некои од нив. Ни потврдија дека веќе не се ангажирани и дека не знаат што ќе биде со нив. Реакциите се дека одлуката на директорот Шаќири за да им ги прекине договорите е еднострана и неоснована, бидејќи не се поврзани со користењето на буџетските средства, туку се однесуваат на соработници кои генерираат приход и истите соработници се исплаќаат од генерираниот сопствен приход, а не од буџетот.
„Се држам само до законските одредби и препораките на ДКСК во однос на тоа што смее и што не смее да се прави во овој период“, кратко ни образложи директорот Шаќири.
Во изјава за МТВ од Антикорупциска, од каде беа лиферувани препораките по кои треба да се водат јавните институции, а на кои се повикува директорот во врска со последните случувања во оваа јавна институција, посочија дека ќе отворат предмет по допрен глас
Хонорарците ќе треба да ја почекаат одлуката на Комисијата. Во Изборниот законик одредбите се однесуваат за нови вработувања, отпуштања, почнување нови проекти и друго во предизборниот период, и ќе важи во следните 2,5 месеци за институциите.
Фиљана Кока
