Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Антиќ со „потписот“ за Вучиќ ги прекрши Статусот на КФМ и – Законот за спорт!? (ФОТО)
Спорт

Антиќ со „потписот“ за Вучиќ ги прекрши Статусот на КФМ и – Законот за спорт!? (ФОТО)

02/11/2023

AA

Предводникот на македонската кошарка, Перо Антиќ, денеска се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако неочекувано се појави во српските медиуми како потпишува документ со кој официјално дава поддршка за изборната листа на Александар Вучиќ пред претстојните парламентарни избори кај нашиот северен сосед.

ЗЛАТКО КРСТЕВСКИ

Ова и не би било некоја посебна вест, ако не станува збор за претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), кој со политичкото ангажирање без разлика што тоа не е во матичната држава ги прекршува не само моралните и етичките норми, туку и највисокиот акт на органиацијата што ја предводи како и највисокиот спортски акт во нашата држава. Уште во првиот член на Статутот на КФМ децидно стои дека:

„Федерацијата е деполитизирана и забранува делување на политички партии во своите редови, за постигнување на политички цели и интереси“.

Колку и да општо формулиран овој член, сепак, јасно кажува дека на политиката ѝ нема место во Куќата на кошарката, а со тоа и директно и јавно политичко дејствување на нејзините членови, а Антиќ е „лицето и огледалото“ на макбаскетот на домашна и меѓународна сцена. Член кој забранува мешање на политиката во спортот, односно во сите субјекти кои се регистрирани за вршење спортска дејност, како што дефинитивно е КФМ има и во македонскиот Закон за спорт (ЗС).

„Во здруженијата и другите правни лица кои вршат дејност спорт се забранува политичко и верско организира и ДЕЈСТВУВАЊЕ.“, се вели во членот 4 од ЗС.

Антиќ и покрај тоа што во неговиот прв мандат репрезентативната кошарка продолжи да товори на европското дно, младинските селекции најчесто да ни се второлигаши, а прволигашката конкуренција од година во година се полоша, во лига без спонзори и најчесто основни услови за игра, пред неколку месеци повторно беше избран за предводник на макбаскетот. Неговото пријателство со македонските, но и со политичарите од регионот и соседството никогаш досега не било спорно ниту проблематично, но ова е првпат тој јавно и официјално да се вклучи во политички процес и тоа во пресрет на избори, макар тоа било во соседна земја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy