
„Анти-ЕУ, анти-НАТО и про-руската коалиција единствен отежнувачки фактор зошто не е одржана втората меѓувладина конференција“, вели Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Брисел порача дека единствен отежнувачки фактор зошто не е одржана втората меѓувладина конференција е анти-европската, анти-ЕУ, анти-НАТО и про-руска коалиција во Македонија.
Според него, оваа можност не треба да се пропушти.
„Единствен отежнувачки фактор зошто не е одржана втората меѓувладина конференција, која што е јасно наведена во заклучоците, е анти-европската, анти-ЕУ, анти-НАТО и про-руска коалиција во Северна Македонија. Штом бидат спроведени амандманите на Уставот во Македонија, кој се од техничка природа, тогаш ќе биде одржана втората меѓувладина конференција. Секако дека ова е прозорец на можност кој што го имаме, и кој што го имаме до изборите во Македонија и во ЕУ, не треба да се пропушти“, вели Ковачевски.

