
АНОНИМЕН МИЛИЈАРДЕР БАРА ПАР НА КОЈ ЌЕ МУ ПЛАТИ ЕДНОГОДИШНО УЖИВАЊЕ НА КАРИБИТЕ: Ќе заработат 185.000 долари, но под еден услов
Имено, американските медиуми јавуваат за понудата на
анонимен милијардер кој бара станари за својот рајски остров на Карибите.
Во огласот е
наведено: Ако сте млади, убави и подготвени да живеете во тропски рај една година,
ќе заработите 185 илјади долари.
Мистериозен милијардер нуди на среќната двојка 185.000
долари за една година да живее на неговиот приватен остров на Карибите, но има
одредени услови.
Имено, според огласот објавен од агенцијата за вработување
Fairfax and Kensington, се очекува избраниот пар да работи со полно работно
време промовирајќи го приватниот остров на социјалните мрежи.
Нивната главна задача би била секојдневно да снимаат на
Британските Девствени Острови, документирајќи го напредокот и изградбата на
недвижен имот за да го прикажат ова место како вистинска мала луксузна оаза.
Џорџ Ден од агенцијата Fairfax and Kensington нагласи дека
сопственикот сака да ја истакне убавината на својот остров, но за тоа сака да
ангажира инфлуенсери да го направат тоа.
Се очекува двојката што ќе ја добие работата да управува со
објекти и настани, а освен да знае како функционираат социјалните мрежи, мора
да има и искуство во водење на луксузната индустрија, што значи работа на јахти
или во вили.
Вработената
двојка ќе добие лет за враќање дома за една година, како и 25 дена
годишен одмор, кој ќе може да го искористи на некој од соседните острови.
ФОТО: Unsplash