
Јанкуловска објави фотографија со Силјановска и порача: За прв пат во историјата Македонија доби жена за Претседател!
Некогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вечерва на својот Фејсбук профил објави фотографија со Гордана Силјановска Давкова, која вечерва според резултатите од ДИК, убедливо води на претседателските избори. „За прв пат во историјата Македонија доби жена за Претседател! 🇲🇰 Честитки за нашата Претседателка, честитки за Македонија!“, напиша Јанкуловска.

