Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈАНКУЛОСКА И ОСУДЕНИТЕ ЗА МЕРЦЕДЕСОТ БЕА ЗЕМЕНИ ЗА ВРАТ Не постоела обврска да се распише тендер за набавка
Македонија

ЈАНКУЛОСКА И ОСУДЕНИТЕ ЗА МЕРЦЕДЕСОТ БЕА ЗЕМЕНИ ЗА ВРАТ Не постоела обврска да се распише тендер за набавка

08/02/2026

AA

Во случајот „Тенк“, набавката на блиндираниот „мерцедес“, Владата не била обврзана да објавува оглас, односно да распишува тендер, вели екс-обвинителка Лејла Кадриу во врска со работата на некогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Зборувајќи во Вечерното шоу на Богдан Илиевски таа изјави:

– Значи, Владата не била должна. Можела да го купи „мерцедесот“ со спогодба во четири очи, затоа што законот тоа го дозволува, бидејќи е специфична набавка. Се набавува возило што ќе се користи за специјални услови, како за нашето државно раководство, така и за гости кои доаѓаат. Такви автомобили поседуваат и други држави, а тие што немаат или имаат потреба од повеќе такви возила во одредени ситуации, плаќаат огромни пари за рентирање. И гледано и од човечки и од професионален аспект, тука, осудените луѓе беа „земени на врат“. И жал ми е, и жал ми е за госпоѓа Јанкулоска, затоа што таа тогаш имаше бебе. Ја одвоија од бебето и ја затворија за ништо. Државата нема штета во тој случај. Злоупотребата би постоела ако има штетна последица. А во овој случај, кому е направена штета? Никому! А Јанкуловска дури и спровела јавна набавка, а не била должна – го објаснува случајот „Тенк“, Кадриу, која кратко беше и во СЈО на Катица Јанева, а долги години поминала и како еден од најпрофесионалните државни обвинители во правосудниот систем на нашата земја.

На прашањето како во СЈО се набавуваа автомобили, кога веќе за „мерцедесот“ луѓето беа осудени, таа одговара:

– На колегиум се зборуваше од кого ќе се набават автомобили. Велеа „ајде да земеме од овој, зашто имаме договорено со него“. Јас ги слушав разговорите, но не учествував во набавките, зашто не бев дел од тие што беа во екипа за јавни набавки.

Според нејзиното тврдење, во почетокот од работата на СЈО, со парите раководела Елизабета Јосифовска.

– Ние сè уште немавме вработен за таа дејност, а Јосифовска го знаеше занаетот од мајка ѝ, па така, како што кажуваше и она, тоа се работеше“, вели Кадриу која вели дека во СЈО трескавично се трошеле парите за да не дозволат на крајот на годината да се вратат во буџетот, па така кон крајот на 2015 година за два ипол месеци потрошиле милион евра, а во наредните години трошеа по 4 милиони евра, меѓу другото делејќи си и бонуси.

Таа раскажува и за случајот со Мартин Нешковски, за кого беше искреирана ситуација дека тогашната Влада и министерската Јанкуловска сакале да го забошотат случајот, па тоа беше и дел од нелегалните снимки кои Зоран Заев нелегално ги употребуваше, а смртта на момчето беше користена и во „Шарената револуција“.

– Тој разговор, за Мартин Нешковски, го слушав. И го прибавив, бидејќи тоа беше пресуден предмет, го прибавив од судот. Да се види дали тука има или нема криминал. Го проучив предметот и требаше да направам стратегија да ги сослушам лицата кои се спомнуваат – кој каде бил, што и каде направил, со кого комуницирал, каде Мартин бил, како настрадал и како дошло до смртна последица. Значи, тоа го испитував. И дојдов до заклучок дека тука предметот е чист, потврден од Стразбур. Но, тие го користеа Игор Спасов, го носеа ваму-таму, и на крај ништо не испадна од тоа. Тоа што јас го реков од самиот старт, од моето преиспитување на целиот предмет, тие го работеа уште година ипол – истакнува Кадриу.

За предметот „бонуси во СЈО“, поради што настрада обвинителот Мустафа Хајрулахи бидејќи не сакаше да го затвори случајот зашто според него, тука има криминал од специјалните обвинители, Кадриу вели:

– Па тоа е тоа. Требаше да се потрошат парите. И измислуваа како и сè излегуваше од рамките на законот. Тоа не смееше да се дозволи, тоа не смееше да го дозволат ниту обвинителите, ниту Јанева имаше право тоа да го дозволи. Се знае колку изнесува обвинителската плата, плус додатоците до 35 отсто. Порано, републичкиот јавен обвинител ќе определеше за некои посебни услови доверливост, за ризик и ќе додели 35 отсто. Тие не смееле да излегуваат од тие 35 отсто, но не – на тие 35 отсто тие си додавале уште по околу две илјади евра. Тоа е тотално незаконито – вели Кадриу.

За обвинителката Ленче Ристовска која неодамна бараше извинување од премиерот Мицкоски и која тврди дека ги заслужила тие пари (бонусите од СЈО за што има предмет во ЈО), Кадриу вели дека таа отсекогаш изигрувала жртва:

– Не може, не оди тоа така. Немаме ние мајмунска меморија, па по три дена да заборавиме се што се случувало. Помниме, знаеме како се однесуваше, а потоа излезе со изјава дека Катица е криминалец. Иако со неа беше нон стоп. Како сега ѝ текна да излезе? Сега повторно изигрува жртва. Таа постојано бара некое внимание и изигрува жртва за да ги постигне своите цели – тврди Кадриу.

НА РАКА ИМ ДАВАА ЗАПИСНИЦИ ВО СЈО, ТОА ЛИЧЕШЕ НА ШТАБ НА СДСМ! Екс-обвинителката Кадриу изнесе шокантни детали од работата на некогашната институција

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy