Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АНКЕТНАТА КОМИСИЈА ПРЕКИНАТА Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат правда, пратениците го критикуваат системот
Македонија

АНКЕТНАТА КОМИСИЈА ПРЕКИНАТА Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат правда, пратениците го критикуваат системот

09/12/2025

AA

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, попладнево ја прекина седницата на Комисијата, на чиј дневен ред беше претставката поднесена од Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ – познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“.

Апасиев посочи дека продолжението на седницата, на кое се очекува усвојување на заклучоци, дополнително ќе биде закажано.

– Констатирам дека расправата по точката од дневниот ред е завршена. По исцрпната дискусија, ја прекинувам работата на денешната петта седница. За првото продолжение, на кое очекувам пратениците да усогласат и донесат соодветни ставови, мерки и заклучоци кои би ги предложиле на усвојување, дополнително ќе бидете навремено известени во координација со подносителите – рече Апасиев.

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека централниот елемент на дискусијата треба да биде недостатокот на одговорност од страна на институциите.

– Кога се случи трагедијата, сите знаевме дека системот потфрлил. Проблемот е во тоа што институциите се изземени од одговорност заради приватниот интерес кој генерира пари на незаконски начин. Повредата на човековите права најчесто се случува токму поради желбата некој да оствари профит. Мене ми е апсурдно денеска да зборуваме за процедура – рече Мециновиќ.

На почетокот на седницата, Марија Петрушова, како претставник на Здружението „16 март 2025 Кочани“, потенцира дека трагедијата во „Пулс“ е системски проблем, а не само несреќен случај.

– Сме овде не само за да жалиме за нашите деца, туку и за да бараме правда за нив. Оваа трагедија не е само поради една погрешно запалена искра, туку последица на системски пропусти кои го загрозуваат најосновното право – правото на живот. Нашите барања се: итна и целосна институционална поддршка за семејствата, јасен и официјален одговор за причините за доцнењето на институциите, утврдување рокови за завршување на сите постапки и разгледување на сите преостанати точки од поднесеното барање. Нашите деца го заслужуваат тоа – рече Петрушова.

Минатата недела, на предлог на пратениците од парламентарното мнозинство – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, Собранието донесе одлука за формирање Анкетна комисија која ќе го истражува постапувањето на институциите при трагедиите во Кочани, Модуларната болница, Дурмо турс и Ласкарци.

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, кој се случи на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, започна на 19 ноември во судницата на КПУ Идризово. Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и новинари. На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy