
Анкета ИПИС: Рејтинг на партии, ВМРО-ДПМНЕ 20%, СДСМ 12%, Мицкосвки со најголема доверба
Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања. Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.
Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.
Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.
Анкетираните граѓаните одговарале на прашањата:
За која партија би гласале доколку следната недела има Парламентарни избори?
Во кој политичар имате најголема доверба?
Дали го поддржувата или сте против договорот со Бехтел и Енка во сегашната форма како што беше потпишан од страна на Владата?