Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Англија 7:0 Македонија: Рекорден пораз претрпе македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Англија 7:0 Македонија: Рекорден пораз претрпе македонската фудбалска репрезентација

19/06/2023

AA

Лесно и убедливо. Фудбалската репрезентација на Англија славеше победа против Македонците во натпреварот од 4. коло од квалификациите за ЕП 2024 во Германија.

Фудбалерот на Арсенал Букајо Сака се истакна со три гола.

Натпреварот одигран на „Олд Трафорд“ во Манчестер заврши со резултат 7:0.

Македонците не успеаја да дадат посилен отпор. Добро се држеа околу првиот половина час, но потоа паднаа и до крајот на првото полувреме примија дури три гола.

Англичаните поведоа во 29. минута со голот на капитенот и најефикасен играч Хари Кејн по добра акција. Девет минути подоцна Букајо Сака го искористи додавањето на Вокер и ја заби топката под гредата на голманот Столе Димитриевски.

Во последната минута од првото полувреме погреши капитенот на гостите Ристовски, а во продолжението на акцијата Хендерсон му асистираше на миленикот на тамошните навивачи Рашфорд за огромни 3:0.

Англичаните не застанаа тука. На самиот почеток од вториот дел се виде најубавиот гол на натпреварот: Трент Александер-Арнолд упати долга топка кон Сака, кој одлично ја прими и уште подобро шутираше кон македонскиот гол. Истиот играч постигна хет-трик за 5:0 во 51. минута!

До крајот на натпреварот мрежата на гостите ја наполнија Калвин Филипс во 64. минута и повторно Хари Кејн во 73. минута, овојпат од пенал за конечни 7:0!

Претходно денеска во рамките на истата група Украина како домаќин ја победи Малта со 1:0.

Други резултати:

Белорусија – Косово 2:1

Ирска – Гибралтар 3:0

Израел – Андора 2:1

Северна Ирска – Казахстан 0:1

Турција – Велс 2:0

Швајцарија – Романија 2:2

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Аларм во Вевчани: Жителите загрижени од непознато лице кое демне

19/02/2026
Македонија

„Многу сме блиску до склучување договор со САД“, вели Муцунски

19/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЦЕНТРАЛНА ТОЧКА НА КОРИДОРОТ 8 За да се

19/02/2026
Македонија

Муцунски: Огромни можности за продлабочување на економската соработка меѓу Македонија

19/02/2026
Македонија

Николоски: Досега најсилен раст во авиосообраќајот, воведовме 23 нови линии!

19/02/2026
Македонија

ПОЧНА РАМАЗАНСКИОТ ПОСТ На 20 март е Рамазан Бајрам

19/02/2026
Македонија

ДОАЃА НОВ ВЛАЖЕН БРАН ОД МЕДИТЕРАНОТ Ќе донесе нов снег

19/02/2026
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41646
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Аларм во Вевчани: Жителите загрижени од непознато лице кое демне низ Горна Маала

19/02/2026

Жителите на Вевчани се во состојба на зголемена претпазливост откако во изминатите две до три недели е забележано сомнително движење

„Многу сме блиску до склучување договор со САД“, вели Муцунски

19/02/2026

Македонија е на чекор до склучување на важен трговски договор со САД, што ќе донесе значителни олеснувања за македонскиот извоз.

МАКЕДОНИЈА Е ЦЕНТРАЛНА ТОЧКА НА КОРИДОРОТ 8 За да се раздвижи оската треба да се

19/02/2026

Албанија, Италија, Бугарија, Северна Македонија и Романија потпишаа Заедничка декларација за Коридорот 8 во Тирана, дефинирајќи го како стратешка оска

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy