Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангеловски: Вечерва одигравме подобро отколку против Вардар
Спорт

Ангеловски: Вечерва одигравме подобро отколку против Вардар

14/02/2024

AA

Тренерот на Пелистер, Бранислав Ангеловски е задоволен од изданието на неговите ракометари во дуелот со ПСЖ и покрај 11. пораз во Лигата на шампионите.

Одамна е јасно дека битолскиот тим нема шанси за пласман во плејофот од елитното натпреварување, но борбата е за поправка на впечатокот.

„Имавме можност да се увериме во квалитетот на секој ракометар на ПСЖ. Кога веќе губиме, сакав поразот да биде што е можно помал, можеби можеше негативата уште пониска. Натпреварот го загубивме во првото полувреме во кое Грин имаше десет одбрани. Потоа на сцена стапи и Паличка кој само продолжи и со такви голмани на противниците, тешко е некој да се надева на добар резултат.

Сигурен сум дека одигравме подобро, отколку против Вардар, но квалитетот на ПСЖ е далеку поголем. Она што можам да го поздравам во нашиот тим е што имаме долга клупа и што кој и да излезе на теренот, максимално е фокусиран“, рече Ангеловски на прес-конференцијата по натпреварот.

Со неговата констатација се согласува и Марио Танкоски кој го заврши натпреварот со еден постигнат гол.

„Лошо влеговме во мечот, со 1-5 и моравме постојано да бркаме резултат. Проблемот е тоа што против екипа како ПСЖ, тоа оди малку потешко. Тројца од ракометарите на овој тим неодамна станаа европски шампион, имаше уште неколку со сребрени и бронзени медали. Скапо не чинеа и промашените пенали, веројатно ако ги погодевме ќе се изборевме за попристоен пораз, но конечниот резултат, сепак, е реален исход“, рече Танкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy