Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангеловски: Овој амандман е за да се видиме в лице и да видиме кој е навистина за луѓето да си ги земат своите плати, а кој е за чиста политика
Македонија

Ангеловски: Овој амандман е за да се видиме в лице и да видиме кој е навистина за луѓето да си ги земат своите плати, а кој е за чиста политика

22/01/2024

AA

„Јас сум еден од тие кој инсистираше на овој амандман и јас со чист образ, со лице стојам пред сите овде дека не се изигрувам со никого. Ќе ви кажам една дефиниција дека вие пред два часа овде водевте политичка војна, секој со свој став и секој со обид токму неговото кажано да биде вистина и го доведовте Градот, не доведовте сите овде да се срамиме од сопственото присуство во оваа сала“, истакна советникот Страшо Ангеловски од коалицијата за „Обнова на Македонија“ во Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница.

Ангеловски додаде дека во една таква војна па макар и политичка секогаш нештата завршуваат со компромис или со договор.

„Бидејќи очигледна беше конфронтацијата на една, две, три или пет струи во оваа сала, идејата на овој амандман беше како да им се излезе во пресрет на вработените во ЈСП. Она за што нели кубевте коси сите дека луѓето не можат да земат плата за декември месец. Идејата е и како да им обезбедиме уште два или три месеци мирна работа знаејќи дека ќе имаат плата и за тие наредни месеци“, нагласи Ангеловски.

„Мене лично зборувам за себе ме доведовте во една дилема според која јас знам дека некаде во октомври месец гласав, јас лично кренав рака и гласав за субвенции од 110 милиони со кои ќе се реши проблемот во ЈСП за месеците ноември и декември“, нагласи тој.

Советникот посочи дека денес од него се бара повторно да гласа за она што еднаш веќе се изјаснил и бил ЗА.

„Оттука бидејќи таа дилема не само што никој не ми ја разјасни туку заплеткувајќи се во обидите секој да биде на страна на својата вистина и на своето право, таа дилема уште кај мене лично зборувам уште ја зголемивте“, појасни Ангеловски.

Тој укажа – „Овој амандман е за да се видиме в лице и да видиме кој е навистина за луѓето да си ги земат своите плати и нивните дечиња да не останат дома без млеко и леб, а кој е за чиста политика односно да го истера своето по секоја цена дека мора да биде така“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy