
Ангеловски: Не сум задоволен од играта во првото полувреме!
Тренерот на Пелистер, Бранислав Ангеловски кажа дека не е задоволен од играта на своите избраници во првото полувреме.
„Сакам да им честитам на ракометарите на Кил за победата. Игравме против најдобриот тим во светот. Не сум задоволен од нашата игра во првото полувреме, имавме многу технички грешки. Во второто полувреме бевме подобри, но тоа не беше доволно“, кажа Ангеловски.

