
Ангеловски: Горд сум, игравме со млад тим, полн со – македонски ракометари!
Пелистер со пораз го затвори настапот во Лигата на шампионите, битолскиот тим загуби со 27-24 од Колстад, но Ангеловски не е разочаран.
„Денеска Колстад одигра подобро од она што го гледавме на видео, ние не бевме подготвени бидејќи не можевме да сметаме на сите ракометари кои ги имаме. Но, горд сум на моите момци бидејќи денеска игравме со еден млад тим кој е полн со македонски играчи кои се иднината за нашиот ракомет. Ние доаѓаме од една мала земја каде ракометот е спорт број еден и се надевам дека секоја наредна година ќе бидеме се подобри“, рече тренерот Бранко Ангеловски.
Најдобар играч на Пелистер на овој меч беше Урош Борзаш кој реализираше десет голови.
„Горд сум на нашиот тим, одигравме со млади играчи, дел од нив го имаа и првиот натпревар во Лигата на шампионите. На Колштад му посакувам успех во остатокот од сезоната“, рече Урош Борзаш.
