Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангеловска-Бежоска: Напорно работиме за пристапување кон СЕПА
Македонија

Ангеловска-Бежоска: Напорно работиме за пристапување кон СЕПА

24/03/2024

AA

„Посветено работиме за да ја финализираме подготовката на апликацијата за Единствената  област за плаќањa во евра – СЕПА“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за регионалната новинска агенција Сињуз (SeeNews). Гувернерката посочи дека нашата земја направи голем исчекор кон членството во СЕПА, со усвојувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, како и 26 подзаконски акти донесени од централната банка и усогласени со ЕУ регулативата.

Преку интеграцијата на земјата во СЕПА, граѓаните и фирмите ќе може да вршат безготовински плаќања во евра кон земјите членки на ЕУ, како и голем број земји кои не се ЕУ членки, преку кредитни трансфери и директни задолжувања, на брз, безбеден и ефикасен начин, како и националните плаќања. Со пристапот кон СЕПА, ќе се намалат трошоците за прекуграничните трансакции, што е особено значајно за дознаките кои ги праќаат нашите граѓани од странство, посочува Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакнува дека развојот на платните системи, зголемувањето на ефикасноста и намалувањето на трошоците за прекуграничните трансакции, се во рамки на приоритетите на Народната банка, бидејќи тие ќе обезбедат повеќе благодети за домаќинствата, компаниите и ќе влијаат на поттикнување на економскиот раст. „Трансакциските трошоци за увоз и извоз се многу значајни за фирмите, како и за нашата економија во целина, имајќи предвид дека таа е многу отворена. Намалувањето на трошоците за компаниите би помогнало во целокупниот раст на економијата. За да ја постигнеме оваа цел треба да продолжиме со усогласување на нашите регулативи со СЕПА, како и подготовката на самата платежна инфраструктура“, посочува Ангеловска-Бежоска.

Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА  се состои од 36 земји меѓу кои 27 ЕУ држави-членки, 3 земји од Европската економска област – ЕЕА како и 6 земји кои не се членки на ЕЕА, а на кои е проширен географскиот опсег. На почетокот на годинава шесте земји од Западен Балкан се договорија да ги намалат надоместоците за финансиските трансакции во регионот, усогласувајќи ги регулативите со оние со земјите во СЕПА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗАТ КАКО ДА НЕ ВАЖАТ ПРАВИЛА И ЗАКОНИ Полицијата и

28/02/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ИСПРАЌАЛ ПОРАКИ ДО УЧИЛИШТА ВО ТЕТОВО ДЕКА СЕ ПОСТАВЕНИ

27/02/2026
Македонија

За долг од 200 денари, граѓанин треба да плати 500

27/02/2026
Македонија

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА НЕ НЕ НЕШТО ШТО Е УБАВО ДА СЕ ИМА,

27/02/2026
Македонија

„БЛОКАДАФЕСТ“ ПРЕД „УСЈЕ“: Граѓаните бараат чист воздух, фабриката тврди дека

27/02/2026
Македонија

СЕ ВРАЌААТ МАГЛАТА И СТУДЕНИТЕ УТРА Сончево време со мала

27/02/2026
Македонија

ДА ЗАПРЕ СУДЕЊЕТО НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ КОИ

27/02/2026
Македонија

ИСТОРИЈАТА БЕШЕ ГЛАСНА, НО ИДНИНАТА МОРА ДА БИДЕ ЈАСНА Албанскиот

27/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42044
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗАТ КАКО ДА НЕ ВАЖАТ ПРАВИЛА И ЗАКОНИ Полицијата и натаму лови возачи без дозвола,

28/02/2026

Седум возачи биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден во полициски контроли спроведени низ државата, откако биле фатени

ТИНЕЈЏЕР ИСПРАЌАЛ ПОРАКИ ДО УЧИЛИШТА ВО ТЕТОВО ДЕКА СЕ ПОСТАВЕНИ БОМБИ Полицијата го уапси и

27/02/2026

Уапсен е тинејџер од тетовско, осомничен дека во повеќе училишта во Тетово испраќал дојави за поставени бомби. „На 27.02.2026 во

За долг од 200 денари, граѓанин треба да плати 500 евра на извршител

27/02/2026

Минимално доцнење со плаќањето на тековните сметки може да ги чини граѓаните цело богатство. Претседателката на Комората на извршители, Весна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy