
Ангелов во работна посета на реновираните простории на РЦУК Штип
Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, беше во работна посета во целосно реновираните простории на Регионалниот ЦУК Штип.
Вработените го запознаа со нивната досегашна работа и со функционирањето на одделението 112 во Штип.
Истовремено, при средбата со вработените, Ангелов, меѓу другото, ги запозна и со можностите за унапредување на работата во поглед на оперативните работи во делот на СОК, а секако и во делот на Секторот Е-112 во ЦУК.
