Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов: Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево се влоши поради силниот ветер
Македонија

Ангелов: Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево се влоши поради силниот ветер

21/08/2025

AA

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево се влоши поради силниот ветер кој значително ја зголеми брзината на огнената стихија. Пламените јазици зафатија борови стебла, создадоа висока температура и густ црн чад кој се движеше кон гребенот, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Нашата главна задача беше да спречиме пожарот да премине кон село Брезница и кон скопската страна. Со големи напори, заедно со вработените и пожарникарите од Македонски Брод, успеавме да го задржиме огнот на гребенот“, изјави Ангелов, нагласувајќи дека густата чадна завеса го отежнувала дишењето, но екипите не се повлекле.

Помош на терен пристигнува и од пожарникари од Скопје, Велес и Куманово, како и од општина Сопиште која обезбедува дотур на вода. На терен се и припадници на ЕБР со специјални возила „пинцгауер“, за полесно движење по непристапниот терен.

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 18 часот биле регистрирани 20 пожари на отворен простор низ земјата – седум сè уште активни, еден под контрола, а 12 изгаснати.

Покрај „Јасен“, активни пожари има и во општина Студеничани (села Горно Количани и Драчевица – Китка), во струшкото село Подгорци, кај прилепското Беловодица – Ливада и Лењиште (Долнени), кај селата Стровија и Долгаец, во општина Росоман – село Дебреште, како и во кичевско – село Душегубица.

Под контрола е ставен пожарот кај селото Канарево, општина Старо Нагоричане, кој зафати ниска вегетација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy