Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов се надева следната недела да има информации околу штетата на мостот „Беласица“
Македонија

Ангелов се надева следната недела да има информации околу штетата на мостот „Беласица“

20/05/2023

AA

Мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи од страна на врвни стручни лица, професори, кои ќе ја утврдат штетата. Се надевам дека веќе следната недела ќе имаме информации колкава е штетата и колку време ќе биде потребно истата да биде санирана, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во одговор на новинарско прашање.

Ангелов потенцираше дека другите мостови во градот се безбедни. Напомена дека како ЦУК, поднеле барање до Градот Скопје да извршат вонредна проверка, но и барање до МВР да проверат дали по другите мостови во градот престојуваат бездомници или друг тип на лица кои можат да ја загрозат безбедноста на мостот.

-Мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи. Се додека не се утврди колкава е штетата, се што ќе кажеме е непотврдено и ќе дојде во ранг на шпекулации. Добро е тоа што другата страна на мостот од страна на Железничката станица не е оштетена. Оштетета е само страна од Ист Гејт, каде што пожарот всушност и започнал. Што се однесува до другите мостови во градот, тие се безбедни. Но, доколку под мостот нема горливи материи, луѓето не можат туку така да ја загрозат безбедноста на мостот, рече Ангелов.

Според Ангелов, проблемот кај овој мост е тоа што под него минуваат големите цевководи по кои поминуваше топлата вода од Топланата.

Прашан кој го врши вештачењето на мостот, Ангелов посочи дека прашањето треба да се упати до Градот Скопје, но според неофицијални информации, се работи за врвни професори.

Инаку, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на прес-конференција рече дека нема нарушување на структурниот интегритет на мостот „Беласица“.

-Првичните информации говорат дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите, оштетувањата на објектот се минимални и не довеле до нарушување на структурниот интегритет на мостот, посочи градоначалничката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45795
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници, дата центри, на сè што

25/09/2026

  Венко Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, па затоа нека се посвети малку

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го признал делото

25/09/2026

68-годишен жител на радовишко Калаузлија е приведен под сомнение дека подметнал пожар во атарот на селото. А.А. бил лишен од

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ ПОВАЖЕН Ќе нѐ поврзе со

25/09/2026

Поврзаноста можеби не звучи толку политички како другите теми што ги дискутираме, но во нашиот регион таа е практичен тест

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy