Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов: Разбирлива е одлуката на судот оти станува збор за членови на ДУИ
Македонија

Ангелов: Разбирлива е одлуката на судот оти станува збор за членови на ДУИ

06/01/2024

AA

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и претседател на политичката партија „Достоинство“ со остар коментар по однос на случувањата во македонската навикација каде и тој две години работел како помошник за безбедност на системи и уреди во Секторот за воздухопловна техника на М-НАВ.

„Во тој период лично запознав дел од вработените и слободно можам да кажам дека најголемиот дел од нив се извонредни луѓе, посветени професионалци кои се грижат за безбедноста на воздухопловите на нашето небо и аеродроми“, вели Ангелов.

Тој додава дека во тој период имал можност непосредно да се запознае со системот за управување и контрола на воздушниот сообраќај во Македонија.

„Во ваква чувствителна институција од која зависи безбедноста на патничките авиони и на сите останати воздухоплови кои го надлетуваат нашето небо, слетуваат, полетуваат или оперираат на територијата на Македонија, мора да постои строга селекција при вработување преку која ќе се изберат најдобрите кандидати, во согласност со европските регулативи. Лица кои ги немаат потребните квалификации не смеат да се приближат до овие работни места, а не да работат на нив. Особено ако нивната најсилна, а можеби и единствена квалификација е одредена етничка припадност“, пишува Стојанче Ангелов на друштвените мрежи.

Тој апелира дека обезбедувањето на објектот на М-НАВ во кој се сместени секторите за воздухопловна техника и контрола на летање, треба да се уреди на сосем поинаков начин, со сосем поинакви сили.

„Страшно е тоа што насилниците кои неовластено влегоа во кругот на М-НАВ, вклучително и во просториите на контролата на летање, нападнаа дежурен контролор на летање, ги вознемирија и ја загрозија безбедноста и на останатите дежурни контролори ја загрозија и безбедноста на воздушниот сообраќај на македонското небо и аеродроми. Добро е тоа што МВР ги приведе, а Јавното обвинителство поднесе соодветни пријави против осомничените насилници. Неразбирлива е одлуката на Судот кој иако бил должен, не им одредил притвор на осомничените насилници. Но, кога ќе се земе во предвид дека некои од нив се дел од највисокото раководство на ДУИ тогаш ваквата постапка станува разбирлива. Останува отворено прашањето, до кога вака? До кога одредена етничка и партиска припадност ќе овозможува неказнивост дури и при сомнение за извршени тешки кривични дела?“, прашува Ангелов.

Тој ја поздравува иницијативата од Влада за разрешување на директорите и на Управниот одбор на М-НАВ.

„Сосем за крај, прашувам, што ќе се случеше со насилниците доколку влетаа во контролата на летање на аеродромот во Њујорк? Или во Париз, Истанбул, Атина па дури и во Белград? Јас мислам дека таму немаше да влетаат. Ќе беа “решени” при обидот за влетување“, прашува Ангелов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале

13/04/2026
Македонија

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската

13/04/2026
Македонија

ЗНАМ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МАЃАР ЗА ПОБЕДАТА Уверени се дека

13/04/2026
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42424
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица тешко повредени!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри,

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале возачка дозвола

13/04/2026

Полицијата приведе 10 возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата. Од нив,

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската заедница во Скопје

13/04/2026

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска остро го осуди палењето на објект поврзан со Еврејската заедница и синагогата во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy