Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов до Ахмети: Кревај „рачна кочница“ со време, Мицкоски не е сам!
Македонија

Ангелов до Ахмети: Кревај „рачна кочница“ со време, Мицкоски не е сам!

22/04/2024

AA

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку Фејсбук му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети да крене рачна кочница со време.

„На синоќешниот митинг на ДУИ во центарот на Скопје, поранешниот командант на УЧК и сегашен претседател на ДУИ Али Ахмети упати отворена и директна закана до Христијан Мицкоски, која беше придужена со скандирање “УЧК, УЧК, УЧК….“ на кое се придружи и самиот Ахмети силно викајќи “УЧК, УЧК, УЧК…“

Мислам дека не треба да потсетувам какви емоции кај Македонците буди спомнувањето на УЧК и тоа во центарот на Скопје, на самиот скопски плоштад, додека присутните вееја безброј албански знамиња и знамиња на УЧК, без ниту едно единствено македонско знаме.

Затоа, му порачувам на Али Ахмети да биде внимателен со заканите! Мицковски не е сам! Зад него стои ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија“. Зад него стои и убедливо мнозинство од македонскиот народ но и убедливо мнозинство од нас, македонските бранители од 2001-та!

Истите оние Бранители кои во воената 2001 ве поразија во сите битки на бојното поле, истите оние Бранители од кои ве спасуваа странците додека вие мавтавте со бели знамиња во Арачиново. Затоа со време кревајте рачна кочница. Бидејки, како што секојдневно укажува токму Мицкоски, се ближи времето за одговорност за сето она што ДУИ и го направи на Македонија, почнувајќи од 2001-та па се’ до денес!“, напиша Ангелов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy