Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела
Економија

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

23/04/2024

AA

Бизнисот не бил консултиран за владината одлука – приватните компании да не работат утре и на 8 мај, за време на претседателските и парламентарните избори. 

Според Сојузот на стопански комори (ССК), тоа што среда е неработен ден, негативно се одразува и врз останатите четири дена во неделата.

– Со нас, конкретно, за оваа одлука никој нема разговарано. Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, и понеделникот и вторникот се релативно неефикасни, како и четвртокот и петокот. Навистина, многу непријатна ситуација. Ова не е наша одлука, политичарите ги носат тие одлуки за изборните датуми кои им се потребни за да добијат излезност – рече денеска претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на тркалезната маса „Одржлива иднина со зелени иновации, практична примена во компаниите“.

На 9 април годинава Владата донесе Одлука, 24 април и 8 мај да бидат неработни денови поради претседателските и парламентарните избори. Притоа, им препорача и на работодавачите од приватниот сектор во земјава да ја спроведат ваквата Одлука за секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас.

И денеска, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) потсети дека деновите на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни за сите граѓани на Северна Македонија, со напомена дека работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност, со исклучок на оние каде работните процеси поради својата природа не може да се прекинат. 

Фото: МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45862
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски го потсети СДСМ што побарал

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на СДСМ за проектот со антимонот кај Крива Паланка, тврдејќи дека опозицијата „си измислила

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни институции, меѓу кои и МОН

29/09/2026

Пукната топловодна цевка утрово предизвика поплавување на првиот кат од зградата на поранешно НИП „Нова Македонија“, каде се сместени повеќе

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ Еднаш и Пендаровски и Ковачевски

29/09/2026

Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација во САД, ќе потсетам дека со владите на Зоран Заев и Димитар

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy