
Јаневски: Горд сум, но има уште многу за докажување за да играме финале!
Јаневски го препороди АЕЛ во кој член е екс-младинскиот репрезентативец Давор Здравковски, а помошник му е екс-вардарецот Бојан Маркоски, па сега пред тимот од Лимасол е голем предизвик прво да се помине завршната елиминациска фаза, а потоа во финалната битка да се освои пехарот.
„Горд сум на овој тим. Моите играчи го дадоа најдоброто од себе. Горд сум како играа и со Анортозис. Ова реми е фер резултат, имавме ние наши шанси, Неа Саламис имаше свои шанси. Најважното е ова реми, без оглед што не победивме, но ни донесе многу позитивни работи. Нашата цел ние ја остваривме, ама има сѐ уште многу да докажуваме за финале. За да дојдеме таму треба да бидеме уште посериозни, посконцентрирани, а знаеме дека ја имаме поддршката од нашите навивачи кои се наш 12-ти играч“, рече Јаневски по пласманот.