Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јаневска: Ако на гробот на Гоце Делчев можеше да има 2000 полицајци, зошто во 100 училишта не може да има 400 полицајци?
Македонија

Јаневска: Ако на гробот на Гоце Делчев можеше да има 2000 полицајци, зошто во 100 училишта не може да има 400 полицајци?

06/03/2023

AA

Упатство од МОН како што вети министерот дека денес ќе има, нема, а писмен протокол од МВР исто така нема. Факт е дека во петокот служебници од МВР посетуваа училишта и даваа инструкции на директорите, денес беа повикани директорите на некакви состаноци, но се е тоа усно кажано и МВР смета дека со усни упатства ќе треба да функционира безбедносниот систем. Дали е тоа прифатливо, нека суди јавноста, според мене не е прифатливо, треба посериозно да се сфати обезбедувањето на училиштата, изјави Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Таа посочи дека тоа што имавме мирен привидно, не значи дали навистина е мирен или се обиди да се намали стравот кај родителите и учениците, додека треба да има конкретни чекори од страна на МВР, наместо упатства да се сменат мејловите.

– Смешна беше онаа препорака дека ако се избришат сите мејлови дека ќе нема дојави, ги сменија мејловите. Откако ги сменија, добија дојави. Треба да се бара начин како навистина да се реши проблемот. Тоа што можеби ќе доаѓа полицаец во текот на денот служи за смирување на учениците и наставниците, но не е реална одбрана од дојавите иако МВР има можност. Ако на гробот на Гоце Делчев можеше да има 2000 полицајци, зошто во 100 училишта не може да има 400 полицајци? – рече Јаневска.

Според неа треба технолошки да се види како функционира во високо развиените земји, но постојат и начини кои сите секојдневно ги користиме како видео камери, сензори.

– Но да тргнеме од домаќинствата. Нели имаат некои видео камери, јас не слушнав дека некои од училиштата кои се под постојан безбедносен ризик, дека се поставиле видео камери, сензори на прозорците да се добие сигнал да се направи проверка. Има можности но треба да се разработат идеите. Официјалните мејл адреси не може да ги затворат бидејќи таму добиваат официјални документи, рече таа.

Јаневска во врска со објавите дека нападите доаѓаат од одредени земји, посочи дека еднаш рекоа дека доаѓаат од еден дел на светот, сега од друг дел на светот, па постојано хибридна војна, а еднаш не слушнавме да кажат од кого да се браниме и дали некој ќе ни помогне.

– Ако нема, што треба да се преземе за д ана крај се одбраниме, како што се бранат напредните земји, нагласи Јаневска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy