
Анестезиологот „тик-токер“ го избриша профилот
В.Д., кој веќе е во притвор, по снимањето „во живо“ на ТикТок трудници во тетовска гинекологија, исчезна од социјалните мрежи, јавува ТВ21.
Тој ја затвори адресата на ТикТок кога го објави видеото, денот кога ТВ21 објави за спорниот скандал, додека неодамна го избриша и профилот на Фејсбук.
Дали е ова начин да се сокријат други траги од други злосторства? Од неофицијални информации се дознава дека истото лице е осомничено и за повеќе кривични дела.
Од друга страна, Лекарската комора ќе ги соопшти казнените мерки за В.Д. кој додека бил дежурен анестезиолог во едно од одделенијата во Гинекологија во Тетово, снимал трудници во една од салите на ова одделение, на социјалната мрежа „ТикТок“.