Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андреас е херојот од возот во Грција: Спасил најмалку 10 патници од запалениот вагон
Македонија

Андреас е херојот од возот во Грција: Спасил најмалку 10 патници од запалениот вагон

02/03/2023

AA

Студентот Андреас Аликаниотис (20) е херој кој и самиот бил во возот на смртта во Грција. За среќа, тој излегол од вториот вагон речиси неповреден и покрај опасноста од огромниот пожар кој голтал се пред него, ги спасувал оние кои биле заробени во другите вагони при судирот.

Според докторката од Медицинското друштво од Лариса, Ерис Цијастудис, младиот Андреас успеал сам да го скрши стаклото и да спаси најмалку десет млади луѓе

Студентот Аликаниотис излегол речиси неповреден од вториот вагон и пркосејќи на опасноста, огромниот оган кој горел покрај него, сакал да спаси луѓе. И успеа во тоа, пренесува protothema.gr.

„Иако денес небото беше исполнето со ангели, ние имаме среќа меѓу нас да имаме земски ангел, 20-годишниот студент Андреас Аликаниотис, кој излезе речиси неповреден од вториот вагон. Тој е херој затоа што ризикувајќи го својот живот, со огромен оган покрај него, не го напушти вагонот туку сам успеа да го скрши стаклото и спаси уште најмалку десет деца, момчиња и девојчиња. Во денешниот мрачен ден Андреас ни покажа дека новата генерација Грци има добрина, принципи и морал! Честитки за мојот убав Андреас, честитки за родителите кои те воспитале!“, се вели во објавата.

Да потсетиме, во страшна железничка несреќа во трагедијата во Темпи досега загинаа најмалку 43 лица.

Работата на истрагата на остатоците од возовите не е завршена и затоа надлежните нагласуваат дека конечниот број на жртви ќе биде уште поголем. Тежината на судирот и пожарот што избувна во вагоните ја отежнуваат задачата за лоцирање на жртвите, но уште повеќе и нивна идентификација. Процесот на земање примероци на ДНК од роднините за идентификација на телата беше завршена во средата доцна попладне.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy