
Андреа Серафимовски: Само стабилизација, нема намалување на цените на становите
Андреа Серафимовски, претседателот на Здружението на градежништво, како гостин во емисијата „Аргумент Плус“ на ТВ24 рече дека до Нова година ќе претстои период на стабилизација на цените на становите, но и дека нема да има поевтинување.
„Најмал процент на покачување имаат гипсените материјали и изолациите , но и тие се поскапени до 30 проценти. Со оглед на тоа што има и други варијабилни трошоци, можеме да очекуваме стабилизација на цена која сепак ќе биде 30-40 отсто повискоа цена од пред пандемијата.
Во Охрид и Центар нема повеќе Мораториум, но голема е побарувачката, а мала е понудата. Не можеме да очекуваме намалување на цените, но може да се очекува стабилизација
Во Битола не беше пробиена цената од 1.000 евра по метар квадратен, сега се движи до 1.200. Во Охрид во центарот е по 1.800 и таму е побарувачката поголема од понудата. Но и во општините како Гази Баба, во Маџари беше 700-800 евра, сега е пробиена бариетата од над 1.000 евра“, рече директорот на „Гранит“.
Иако има многу празни станови, според Серафимовски во земјата нема многу можности за инвестирање кај граѓаните, а една од сигурните инвестиции е вложувањето во недвижности.
„Еве сега гледате дека тој што вложил пред ковидот, сега има имот кој вреди 30 до 40 отсто повеќе. Тука се креира додатна вредност ако вложувате“, вели тој.
Според Серафимовски нема премолчен договор меѓу инвеститорите да се држи цената висока.
„Цена на метар квадратен е 5.000 евра во Белград, во Атина 6.000. Нема премолчен договор. Се додека има граѓани кои можат да ја платата таа цена, таа ќе важи“, смета Серафимовски.
Тој додаде дека во меѓувреме, освен материјалите, поскапеле и комуналиите, па така од 120 евра по метар квадратен во Центар, сега се 170.
