Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АНДРЕА ЈОСИФОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР, КУПИ АКЦИИ ОД „МАКПЕТРОЛ“ – еве која е количината и колкава е нивната вредност
Економија

АНДРЕА ЈОСИФОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР, КУПИ АКЦИИ ОД „МАКПЕТРОЛ“ – еве која е количината и колкава е нивната вредност

11/04/2024

AA

Транспарентните компании ја објавуваат речиси секоја промена во акционерскиот капитал со кој располагаат.

Особено е битно компанијата транспарентно да информира за тоа кога членови на нејзините управни и раководни структури купуваат акции. 

Нафтениот гигант „Макпетрол“ објави дека нејзиниот долгогодишен прв човек и претседател на Управниот одбор, Андреа јосифовски, купил 171 акција на компанијата.

Оваа информација оттаму ја споделија со инвеститорската јавност преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

„Согласно член 34, став 1, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската Берза за
хартии од вредност АД Скопје, известуваме дека Претседателот на Управниот одбор Г-дин.
Андреја Јосифовски, се стекна со 171 обични акции од издавачот Макпетрол А.Д. – Скопје“, се вели во објавата на ова акционерско друштво. 

Кога членовите на одборите и менаџерите на една компанија купуваат акции од неа, тоа говори за нивна доверба во бизнисот и перспективите на таа компанија. 

Инаку, на берзата помина блок трансакција со оваа количина на акции на 5 април, односно 171 акција, па се претпоставува дека станува збор за таа трансакција, а тогаш цената на една акција беше платена по 67.000 денари за акција. 

Ако се извлече заклучок дека овие акции се купени на таа трансакција, значи дека за акциите се платени 11.457.000 денари или нешто повеќе од 186 илјади евра. 

На последниот ден на тргување цената на акцијата на „Макпетрол“ изнесуваше 68.002 денари, што би значело дека сега неговите акции чинат 189 илјади евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy