Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Сите потребни услуги граѓаните можат да ги добијат со еден клик 
Македонија

Андоновски: Сите потребни услуги граѓаните можат да ги добијат со еден клик 

25/06/2025

AA

На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ се обрати членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски, кој дискутираше за националниот портал uslugi.gov.mk кој доби нов лик со доаѓањето на новата Власт, за достапноста на услугите и нивната користеност од страна на граѓаните.

На самиот почеток Андоновски истакна дека економијата и дигитализацијата се поврзани со тоа што дигитализацијата и служи на државата на три начини, овозможува брзи и ефикасни услуги за граѓаните, ги поврзува компаниите и ја сузбива корупцијата.

„Дигитализацијата ја поврзуваме со економијата затоа што дигитализацијата и служи на економијата и треба да служи на економскиот раст на државата, и служи на државата на три основни начини прво, имаме брзи и ефикасни услуги и за граѓаните и за компаниите, второ ги поврзува компаниите и третиот дел ја сузбива корупцијата“, рече Андоновски.

Андоновски објасни дека ова министерство било заборавено во последните седум години и дека сега националниот портал uslugi.gov.mk ги нуди сите услуги преку кои граѓаните можат да ги добијат сите потребни документи.

„Оваа министерство беше заборавено последниве седум години, не почнавме од нула почнавме од минус, ова министерство почнува сеќавајќи се на последниот проект којшто го има реализирано, компјутер за секое дете, тоа е последниот проект на оваа министерство, коешто некој воопшто го памти. Сега во моментов националниот портал uslugi.gov.mk е нашиот прв шалтер нудејќи ги сите услуги и претставувајќи го ова министерство со амбиција да ја претставува државата, да можете секоја услуга во државата да ја добиете на тој портал“, посочи Андоновски.

Андоновски истакна рече дека основните потребни услуги на граѓаните можат да се добијат преку овој портал и дека Владата прави се за да се справи со корупцијата, како и да ги оствари сите полесни и поефикасни услуги за граѓаните.

„Добивате извод од матична книга на родени на порталот, добивате уверение за државјанство на порталот, сите потврди за неосудуваност се достапни на порталот сите услуги на катастарот, нашата амбиција е најкористените услуги за граѓаните да бидат достапни на порталот. Тоа е начинот на којшто сузбиваме корупција, се бориме за полесни и поефикасни услуги за граѓаните и начинот на којшто им помагаме и на бизнис секторот“, дециден е Андоновски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy