Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Причините зошто Македонија не започна преговори со ЕУ е поради тоа што Европа не гледа како држава со слаба Влада, пропратени со пандемија на корупција
Македонија

Андоновски: Причините зошто Македонија не започна преговори со ЕУ е поради тоа што Европа не гледа како држава со слаба Влада, пропратени со пандемија на корупција

18/12/2023

AA

„Изјавата на Марија Габриел создава неизвесности и тоа е вистина и со тоа се согласувам. Тоа е затоа што во рацете на Бугарија е можноста да не блокира и мене ме исплаши крајот на нејзината изјава кој беше малку забележан во македонската јавност каде таа вели дека ќе ги почитуваме во целост договорот за добрососедство со Македонија, протоколите, но кажа и ставот на бугарското Собрание, а тој став во себе не содржи европски прогресивни мисли туку содржи негација на македонскиот јазик отворено, непризнавање на македонската самобитност и посебност и непочитување на ниту еден принцип на меѓународното право кое се однесува на заштита на културолошките разлики“, истакна Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Град Скопје.

Тој истакна дека токму тоа е потврда зошто ВМРО-ДПМНЕ не дозволи и не дозволува да се прифати договорот со Бугарија вграден во преговарачката рамка, а преку прифаќањето на Бугарите во Уставот и промената на Уставот во таа насока под овој бугарски диктат, токму заради оваа несигурност која може да се создаде.

„Ако вие сте го заштитиле преговарачкиот процес од билатералните барања на Бугарија и протоколите не се дел од преговарачката рамка тогаш со сигурност може вие да кажете тоа е бугарската внатрешна работа и нас не не’ интересира бидејќи преговараме со ЕУ, но Владата се согласила да во рамки на таа преговарачка рамка се содржат овие барања на Бугарија преточени во преговорите но и во ставот на бугарското Собрание“, кажа Андоновски.

Тој потенцираше дека за прв пат Европската Унија после долго време после одлуката да се затворат преговорите и да се примат Романија и Бугарија во членство даде јасна политичка волја и стратегија. За жал Македонија не е дел од таа јасна волја и стратегија. Што покажа со тоа ЕУ? Дека кога се сака, кога се има волја се наоѓа решение но Македонија не е дел од тоа решение, бидејќи има две причини едната е надворешна другата внатрешна.

„Надворешната е затоа што нашата Влада ја гледаат како слаба Влада со мек стомак, како Влада на која може да и наметнете решение, слаба дипломатија и знаат дека тука можат да направат притисок тоа е внатрешната страна, а надворешната страна затоа што Македонија ја има изгубено својата атрактивност во пристапувањето и Македонија веќе не е атрактивна како земја, зошто? Затоа што имате пандемија на корупција, со таа пандемија на корупција која се случува последниве 7 години вие повеќе не сте атрактивни“, дециден е Андоновски.

Тој кажа дека кога ќе се изгуби внатрешна атрактивност тогаш веќе Европа не е подготвена да прогледува низ прсти.

„Македонија и денес е по подготвена од Молдавија да започне преговори, но ја загубила својата атрактивност. Најмногу ја изгубила својата атрактивност затоа што ги имате „Дурмо турс“, сомнителни набавки во МВР од Република Српска за системи за безбедност, криминал и корупција неверојатна покриена со измени на Кривичен законик што значи системска амнестија, Дака Давидовиќ како карактер, црната листа на САД“, заклучи Андоновски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy