Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски на средба со секретари на сите општини во Македонија
Македонија

Андоновски на средба со секретари на сите општини во Македонија

04/03/2024

AA

Дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски организираше средба со секретарите на сите општини во Република Македонија.

„Се надевам дека оваа средба ќе биде почеток на една успешна комуникација – во која ќе имаме заеднички позитивни аспекти и меѓусебна поддршка.“, рече Андоновски.

На средбата се дискутираше за поддршката која првенствено треба да одговара на потребите на граѓаните. Исто така, важни апсекти кои беа дискутирани на средбата беа подобрување на комуникацијата помеѓу Министерството и локалната самоуправа, како и поттикнување на соработка и комуникација помеѓу секретарите од локалните самоуправи.

Андоновски посочи дека клучната поента е правилата кои се однесуваат на работата на админстрацијата во општините мора да се креираат заедно со нив. „Особено внимание ќе посветиме на создавање услови за поголема флексибилност на вработените, особено во помалите општини, со можности за работа на далечина, флексибилно работно време и поголема мобилност на вработените. Размислуваме за заживување на Порталот за мобилност на вработените каде тие, по сопствена волја, ќе имаат можност да го променат своето работно место.“

Андоновски се осврна и на аспектите на дигитализација на услугите на општините и нивно поврзување помеѓу централните и локалните институции. „Целта треба да биде, граѓаните да имаат брз и ефикасен пристап до потребните услуги, независно од тоа кој е давател на конкретната услуга.“

Секретарите на општините истакнаа дека е потребен процес на унифицирана дигитализација каде сите општини да користат исти централизирани апликативни решенија, во делот на наплата на даноците, градежно земјиште, архива, софтвер за менаџирање со документи, софтвер за управување со човечки ресурси, унифицирани веб страници и други. Општините сметаат дека измените во Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавен сектор се неусогласени со Законот за минимална плата и истите воведуваат во нееднаквост на платата на службениците на исто ниво во различни дејности во јавниот сектор.

Присутните заклучија дека е потребна доработка на законите со широки консултации и земање во предвид на забелешките на сите засегнати страни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy