Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Извештајот на ЕК е најлош извештај кој досега го имала Македонија, од владините претставници нема ни трага ни глас
Македонија

Андоновски: Извештајот на ЕК е најлош извештај кој досега го имала Македонија, од владините претставници нема ни трага ни глас

09/11/2023

AA

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше за извештајот на ЕК и потенцираше дека со овој извештај се покажа стагнацијата на државата односно дека нема напредок во ниту една област во државата.

-Овој извештај прво во насловот стои „progress report“ односно значи извештај за напредок на државата, јас го нареков извештај за стагнација на државата затоа што не станува збор за напредок скоро во ниту една важна област која што им е важна и на граѓаните и е важна и на ЕУ. Извештајот не е нешто што е подложно на толкување, оценките се даваат по пет скалила, од нема напредок, па се до има одличен напредок и оценките буквално како од 1 до 5 во основно училиште и овде средната оценка е 1,5, рече Андоновски.

Андоновски во текот на своето гостување укажа дека со извештајот на ЕК се покажа дека ние како држава воопшто немаме напредок во борбата со корупцијата и судството.

-Ситуацијата е таква да вие ако немате прогрес на борба против корупција, а имате одличен прогрес на заштита на рибарството, тоа едното со другото не се споредува. Значи таму има поглавја и кластери кои што се исклучително важни особено за држава како Македонија и поглавја и кластери кои или сме постигнале во 2012 година напредок и веќе нема потреба вие дополнително да напредувате. Пример ако системот на катастар бил воведен во 2012 година, вие нема што да напредувате во таа област, односно имате одличен напредок затоа што сте целосно во согласност со правилата на ЕУ. Но, во борбата со корупцијата каде што сте 100 години назад, позади Шведска, позади Холандија, вие таму треба да имате цело време одличен напредок за да ги стасате. Во оваа ситуација после подолго време ние воопшто немаме напредок во оваа област, особено во борба против корупцијата и во судство, вели Андоновски.

Според Андоновски станува збор за една негативна ситуација и за еден од најлошите извештаи.

– На пример зборот limited progress во извештајот освен како главна оценка, во низа извештајот се наоѓа повеќе од 50 пати, што значи дека ограничен напредок е 2 оценка, ги имате и по под областите, не само во главните. Станува збор навистина за една навистина негативна ситуација, еден од барем јас што се сеќавам еден од најлошите, можеби и најлошиот извештај што сум го следел затоа што во секој од поглавјата и во секој од кластерите вие имате limited progress, ви провејува низ текстот, независно што можеби главната оценка ќе биде некој модерен прогрес внатре во самиот извештај е ограничен напредокот, скоро и да нема напредок, кажа Андоновски.

Адоновски на посочи дека порано ваквите извештаи се очекувале со нетрпение, се правеле прес конференции, панел дискусии, а сега нема ни трага ни глас од владините претставници.

-Мислам дека треба да кажам и зошто е главен извештајот? Зошто ако се сеќаваме порано со нетрпение се очекуваше извештајот, па се правеа прес конференции, па се правеа панел дикскусии, се организраа специјални настани за тоа, а оваа година владата се крие, 24 часа ни трага ни глас од владините претавници, додаде Андоновски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy