Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Името на кандидатот за Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ очекувам да дојде во текот на летото
Македонија

Андоновски: Името на кандидатот за Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ очекувам да дојде во текот на летото

10/05/2025

AA

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска изјави дека во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје.

Тој потсети дека во моментот траат внатрепартиските анкети, каде се оценуваат повеќе потенцијални имиња, а според него, тој што ќе најдобар на истите ќе биде иден прв човек на Скопје.

-Името за Град Скопје очекувам да дојде во текот на летото, иако постојат и јавно се познати дел од имињата кои што доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, има и други заинтересирани, така што се анкетираат во моментов и очекувам дека во средината на летото ќе имаме резултати. Секако дека имам и мои лични фаворити и фаворити на партијата, но ќе оставам органите и телата на партијата тоа да го соопштат. Очекувам дека анкетите ќе покажат дека некој кој што е партиски член или активист ќе биде најдобар на анкетите и наш прв избор, изјави Андоновски на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) каде што денеска започна хакатонот „Кликни безбедно“.

Андоновски истакна дека во партијата се задоволни од мерењата на јавно мислење и очекуваат уште поголема победа во однос на минатите избори.

-Процесот е во тек, започна уште во почетокот на годината за сондирање на состојбите кои што се во општеството, колку граѓаните се задоволни од сегашните градоначалници, колку сметаат дека можеби некој треба да има промена и кое име сметаат дека најдобро би ја вршел задачата. Првиот бран на одлуки ќе биде во втората половина на мај за определени општини каде што веќе тоа е кристално јасно, голем дел од постоечките градоначалници ќе трчаат и втор пат, изјави Андоновски. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВСКО Малолетник е тешко повреден

30/10/2026
Македонија

ВО ЕУ САМО ПО ЗАСЛУГИ Црна Гора ветува силна поддршка

30/10/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ И СТУДЕН ВИКЕНД Пообилни врнежи ќе има в недела

30/10/2026
Македонија

„ВИНОВЕН СУМ, САМ ОДЛУЧИВ“ Потпалувачот на двете дипломатски возила на

30/10/2026
Македонија

ОД 1 МАЈ АВИОНСКА ВРСКА МЕЃУ СКОПЈЕ И ЈАДРАНОТ Два

30/10/2026
Македонија

МЕЃУ УАПСЕНИТЕ И ГАЗДАТА НА „САНТЕ ПЛУС“ ПО КОГО ИМА

30/10/2026
Македонија

УБЕДИЛЕ СТОТИЦИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО НЕПОСТОЕЧКА ИНТЕРНЕТ ПЛАТФОРМА

30/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА ПЕНЗИИТЕ СЕ СИГУРНИ Нема проблеми со пензискиот

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46453
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВСКО Малолетник е тешко повреден

30/10/2026

Во нов случај на врсничко насилство тешко повредено е 14-годишно дете нападнато во училиште во Тетовско. Како што соопшти СВР

ВО ЕУ САМО ПО ЗАСЛУГИ Црна Гора ветува силна поддршка за Македонија

30/10/2026

Црна Гора ќе биде силен поддржувач на Македонија на патот кон Европската Унија и ќе се залага проширувањето да се

ДОЖДЛИВ И СТУДЕН ВИКЕНД Пообилни врнежи ќе има в недела и во понеделник

30/10/2026

Под влијание на циклонска активност од утре до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy