Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Дигиталната трансформација носи резултати – 120 нови е-услуги и прв Закон за сајбер безбедност
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација носи резултати – 120 нови е-услуги и прв Закон за сајбер безбедност

24/06/2025

AA

На денешната панел дискусија, во Владата на Република Македонија, свое обраќање имаше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој даде осврт на работата на новоформираното Министерство за дигитална трансформација и проектите кои беа реализирани изминатиов период.

„Прво што се зафативме да работиме е реформската агенда и да покажеме на дело, дека можеме да ја испорачаме домашната задача. Со донесувањето на четирите закони кои произлегоа од министерството за дигитална трансформација, ние успеавме да ослободиме 19 милиони евра од ЕУ, од кои што повеќе од 5 милиони евра се дел од грант’’, изјави Андоновски. 

Тој додаде дека сме биле единствена држава од регионот која што немала Закон за сајбер безбедност, и дека сега го добиваме за прв пат. Во однос на она што е досега направено, истакна дека се преземени конкретни чекори и постигнат е значаен исчекор во дигиталната трансформација. 

„120 нови електронски услуги и редизајниран национален портал, отворање на центри за услуги поблиску до граѓаните за да се доближиме и погодностите ги чувствува секој граѓанин од дигитализацијата, приклучени над 20 нови институции на платформата за интероперабилност и секој документ од националниот портал е валиден исто како и хартиените документи. Ова се темелите на дигиталната трансформација’’, нагласи Андоновски. 

Андоновски говореше за горливиот проблем со кој се соочуваат граѓаните, а тоа се нелегалните игри на среќа кои сега веќе се доведуваат во ред, и оние кои се спротивни на Законите, се забрануваат со цел да се заштитат граѓаните од сајбер напади. 

„Со одлука на Влада, можеби порадикална, но сепак ги забранивме нелегалните игри на среќа. Со последната одлука, повеќе од 220 страници се забранети и ќе продолжиме во оваа насока, затоа што граѓаните, особено младите треба да бидат заштитени на интернет’’, рече Андоновски и додаде. „Прво ја изработивме националната стратегија за сајбер безбедност кон крајот на 2024 година и потоа веднаш пристапивме кон донесување на првиот Закон за сајбер безбедност, којшто е целосно усогласен со европската регулатива и барањата на нашите НАТО партнери’’.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy