Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Дигиталната инфраструктура ќе биде моторот за напредок на иднината 
Македонија

Андоновски: Дигиталната инфраструктура ќе биде моторот за напредок на иднината 

07/05/2025

AA

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на високиот панел „Digital Innovation as a Driver of Growth in Emerging Europe“, во рамки на конференцијата Greater Heights, организирана од Светска банка. 

На настанот се обратија министри, претставници од ЕУ, инвеститори и експерти за економски раст, кои дискутираа како дигиталната трансформација може да го забрза приближувањето на земјите од регионот кон високоразвиена економија.

Во своето обраќање, Андоновски истакна дека дигитализацијата во Македонија не е проект сам по себе, туку суштинска трансформација на институциите и општеството.

„Не дигитализираме заради тоа што е во тренд. Дигитализираме заради функционалност, борба против корупцијата, достоинство и еднаквост. За вработените да не треба да земат ден од работа за да извадат извод. За фирмите што заслужуваат потврди без да платат мито. За сите граѓани кои имаат право на брза, правична и достапна услуга“, рече министерот.

Тој го истакна триаголникот на стратегија:

Инвестиции во дигитална инфраструктура – нов примарен дата центар, безбедна оптичка мрежа, централизиран G-Cloud.

Инфузија на доверба преку сајбер безбедност – нова национална стратегија, закон усогласен со NIS2, воспоставување на државен SOC.

Иновација преку отворени платформи и човечки капитал – дигитална писменост во образованието, AI за јавниот сектор, и развој на националната супер-апликација. Андоновски најави партнерство со украинското Министерство за дигитална трансформација за развој на дигитален паричник, што ќе вклучува документи, е-услуги и лична идентификација преку мобилен телефон.

„Нашата цел не е да бидеме следната Естонија на Балканот. Сакаме да изградиме СМАРТ Македонија – каде што дигиталната доверба е реална, услугите функционираат, а секој граѓанин има фер пристап, без разлика каде живее.“

Настанот „Greater Heights“ е дел од пошироката програма на Светска банка за поддршка на структурни реформи и дигитална економија во земјите од Западен Балкан и Источна Европа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy