Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Дигитализацијата не е избор – таа го дефинира новото фер и праведно општество
Македонија

Андоновски: Дигитализацијата не е избор – таа го дефинира новото фер и праведно општество

29/05/2025

AA

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на министерскиот панел „Shaping Prosperity – Political Leadership and Strategic Choices for Digital Economic Growth“, кој се одржува во рамки на е-гов конференцијата во Талин, Естонија.

Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека дигиталната трансформација е суштински предуслов за градење фер, безбедно и модерно општество.

“Дигитализацијата не е изборна техничка модернизација. Таа е основа за економски раст и заштита на правата на секој граѓанин – од мајката во Скопје што не мора да чека во ред за да добие извод од матична книга на родени, до претприемачот во Кавадарци кој добива потврда за енергетска дејност без да плати мито,“ порача министерот.

Тој подвлече дека Македонија веќе ги реализира клучните приоритети:

– Редизајниран национален портал за е-услуги со повеќе од 250 онлајн услуги достапни за сите граѓани;

– План за примарен дата-центар и хибридна консолидација на ИТ-ресурсите за посигурно и поефикасно управување;

– Нов Закон за сајбер безбедност и национална стратегија за сајбер безбедност, усогласени со европската NIS2 директива; четири закони за дигитализација во рамки на Реформската агенда – Партнерство со приватниот сектор за креирање инклузивен и сигурен дигитален екосистем.

Министерот нагласи дека политичкото лидерство е клучно за претворање на дигиталниот потенцијал во реален раст и просперитет.

„Дигитализацијата мора да ја мери својата успешност според тоа колку навистина служи на сите – не само на најповрзаните, туку на секој граѓанин кој заслужува достапност и доверба во системите.“

Со тоа, министерот Андоновски ја потенцираше потребата од регионално и меѓународно партнерство, заедничко учење и споделување добри практики.

Е-Гов конференцијата 2025, која се одржува на 28 и 29 мај во Талин, Естонија, е една од водечките светски собири за дигитална трансформација. Оваа година, конференцијата ќе собере над 600 лидери за дигитален развој, креатори на политики и донатори од повеќе од 80 земји . Организирана од страна на е-Гов академијата (eGA), во соработка со Министерството за надворешни работи на Естонија и ESTDEV, конференцијата служи како платформа за размена на искуства и добри практики во областа на дигиталното управување.

Министерот Андоновски, најави и одржување на Дигитален самит во Македонија во октомври 2025 година. Самитот ќе биде организиран од Министерството за дигитална трансформација со поддршка од партнерски организации и општествено одговорни компании. Дигиталниот самит ќе биде значаен чекор во развојот на дигиталната трансформација во Македонија и регионот, со акцент на поставување нови стандарди и поттикнување на иновации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy