Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Арсовска тајно ги исплатила долговите кон приватните превозници, но нов договор не потпишува
Македонија

Андоновски: Арсовска тајно ги исплатила долговите кон приватните превозници, но нов договор не потпишува

15/05/2023

AA

Треба да се знае дека ние бевме првата советничка група што го отвори прашањето за тоа дека на Скопје му се случува сообраќаен колапс и побаравме одговор од градоначалничката зошто ги прекинува договорите со тогашните приватни превозници без воопшто да има обезбедена алтернатива. Тогаш бевме обвинети дека штитиме приватни интереси наспроти интересите на Градот, за денеска да дознаваме дека таа тајно ги исплатила сметките или долговите што Градот и ЈСП ги имале кон овие приватни превозници, но нов договор не потпишува и градот го држи во еден клинч, изјави советникот од советничката група од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски денеска во врска со прашањето околу приватните превозници.

Тој рече дека ЈСП се обидува да покрие она што покривале и повеќе од стотина автобуси и оти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, рекла дека градот нема да биде блокиран, но, нагласи, граѓаните не можат да стигнат на своите работни места, со саати се чека на автобуските постојки, а автобусите се преполни.

– Ми се чини се додека е оваа администрација во Градот Скопје, тешко дека ќе се наоѓа решение со приватните превозници, рече Андооновски.

Во однос на прашањето за блокираната сметка на Град Скопје и за обвинувањата од градоначалничката Арсовска дека тие се виновни за тоа, тој истакна дека неговата советничка група не ги гласале последните програми на Град Скопје и на Јавните претпријатија. Обвини дека немало доволно транспарентност од страна на Градот како се потрошиле средствата до овој момент.

– Многу е лицемерно до последната седница на Советот Град Скопје како СДСМ да ги гласате сите програми на градоначалничката коишто вклучуваат и финансиски планови, планови за трошење на средства и планови за проектирање без да побарате отчетност и транспарентност од Градот како се потрошиле парите до тогаш, рече Андоновски, кој додаде дека СДСМ, ДУИ и Левица ги гласале овие програми.

Тој смета дека ова е внатре-коалициски проблем помеѓу Данела Арсовска, СДСМ, ДУИ и Левица што треба да го надминат за Градот да продолжи да функционира. Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на Градот Скопје од август минатата година.

За затворањето на мостот што ги поврзува Железничка станица и „Ист Гејт“ мол Андоновски потенцира дека како Совет немаат никакви информации, но, како што рече, како советничка група стојат на располагање ако треба да се донесе некоја вонредна одлука за обезбедување дополнителни средства за реконструкција на инсталациите.

Координаторката на советничката група на СДСМ, Љубица Јанчева, денеска во изјава за медиумите информираше дека нејзината советничка група поднела иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје, повикувајќи ги советниците на ВМРО-ДПМНЕ како мнозинство во Советот преку претседателот кој доаѓа од нивните редови, Трајко Славевски, да закаже седница што побрзо затоа што, како што кажа, опасноста од банкрот на Градот секој ден станува се поголема.

Таа потенцираше дека за една и пол година колку што ВМРО-ДПМНЕ го предводи Градот, нема реализирано ниту еден, потенцирам, ниту еден капитален проект.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО КАРТА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА АХМЕТИ И ЏАФЕРИ ГО ЧЕСТИТАА

29/11/2026
Македонија

СКВЕРНАВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Е НЕДОЗВОЛИВО Остри реакции на ВМРО-ДПМНЕ

29/11/2026
Македонија

ВРАБОТУВАЊА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ, СТИПЕНДИИ И ПОВОЛНОСТИ Владата со системски политики

29/11/2026
Македонија

КАМИОН СЕ ИЗЛИЗГА И ГО ПОПРЕЧИ ПАТОТ КОН СВЕТИ НИКОЛЕ

29/11/2026
Македонија

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

29/11/2026
Македонија

ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА 4 ПАТНИ ПРАВЦИ Патиштата се проодни,

29/11/2026
Македонија

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА –

28/11/2026
Македонија

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од

28/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46989
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО КАРТА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА АХМЕТИ И ЏАФЕРИ ГО ЧЕСТИТАА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ Во

29/11/2026

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот технички премиер и бивш собраниски спикер Талат Џафери, го честитаа Денот на албанското

СКВЕРНАВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Е НЕДОЗВОЛИВО Остри реакции на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за инцидентот во

29/11/2026

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ најстрого го осудија сквернавењето на македонското знаме во Гостивар и ги повикуваа надлежните институции да постапат. „ВМРО-ДПМНЕ

ВРАБОТУВАЊА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ, СТИПЕНДИИ И ПОВОЛНОСТИ Владата со системски политики им помага на младите

29/11/2026

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воспоставува системски пристап во креирањето и спроведувањето политики насочени кон младите, преку конкретни мерки, финансиска поддршка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy