Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновска: Бактерија пронајдена во носот на вработена од училиштето „Димо Хаџи Димов“
Македонија

Андоновска: Бактерија пронајдена во носот на вработена од училиштето „Димо Хаџи Димов“

28/11/2025

AA

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, изјави дека сѐ уште е рано да се утврди точната причина за стомачните тегоби кај учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош, бидејќи анализите и понатаму се во тек. Досегашните резултати покажуваат дека кај една вработена во носот е детектиран Staphylococcus aureus, а на три чешми во училиштето се најдени бактерии од групата Enterobacteriaceae, грам-негативни бактерии кои може да предизвикаат стомачни симптоми. Кај едно од децата е потврден норовирус.

До ИЈЗ досега пристигнале 29 пријави за симптоми, како и уште една наставничка. Во Детската клиника биле примени пет деца, а денеска се донесени уште две. Сите пациенти се во добра состојба и стабилни. Кај сестричка на едно од примeнетите деца веќе е потврден норовирус.

Андоновска соопшти дека постојат епидемиолошки индикации за итна дезинфекција на училиштето. Екипа на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведе вонредната дезинфекција во најкраток рок.

Од девет земени брисеви од површини, три – сите од чешми – се позитивни на бактерии од групата Enterobacteriaceae. Од вработените во кујната, брисевите од раце и најголемиот дел од брисевите од нос и грло се во рамки на нормалните параметри, со исклучок на една вработена кај која е изолиран Staphylococcus aureus.

Водата од шест точки е микробиолошки задоволителна според првичните резултати, но се чека уште еден ден за конечна потврда. Физичко-хемиските анализи и проверката за тешки метали не покажале отстапувања.

По барање на Институтот, дополнително се земени примероци од децата хоспитализирани на Детската клиника. Кај едно од двете досега обработени фецесни тестирања е детектиран норовирус. Брисевите од грло и нос од пет деца се негативни на ковид и инфлуенца, а се чекаат резултати за други вируси.

Анализите на храната (млеко, мусли и кроасан) покажуваат дека овие производи ги исполнуваат микробиолошките стандарди. За мусаката, земена од кујната, резултатите се очекуваат до 16 часот.

Андоновска најави дека Институтот ќе иницира измени на законските и подзаконските акти за подобрување на хигиенските услови и безбедноста на храната во училиштата и градинките. Дополнително, земени се мостри од кујните на девет други училишта, но анализите продолжуваат.

Таа апелираше за зголемена хигиена, користење нови дезинфициенси и сапуни, а децата со симптоми да останат дома. Во случај на влошување, родителите најпрво да се јават кај матичниот лекар, а потоа и во Центарот за јавно здравје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy